Металург 2 не успеа против екипата на Вардар Јуниор

26.05.2018 16:57
_DSC0021_resize

Во претпоследното коло од плејаут фазата, екипата на Металург 2 загуби на гостувањето кај Вардар Јуниор, со резултат 33:36 (15:17). Со тоа нашиот млад тим не ја искористи првата “меч топка“ и опстанокот во македонската Суперлига ќе го бара во мечот од последното коло, во директната пресметка со екипата на Прилеп. Овој натпревар ќе се игра во Автокоманда. Да потсетиме, на тој натпревар ќе ни биде доволен и еден бод.

Денешната средба нашите ракометари ја почнаа добро и имаа контрола врз резултатот се до 15. минута, кога, при наше водство од 8:9, дозволивме противникот да направи серија од 4:0, со која го презеде водството и го задржа до самиот крај. Металург 2 се обидуваше да го сврти резултатот, но Вардар Јуниор одигра одличен меч и заслужено ги освои трите бода со кои обезбеди опстанок во лигата.

.

РК Вардар Јуниор – РК Металург 2  36:33 (17:15)

РК Вардар Јуниор: Н.Кизиќ, Димов 7, Анѓелковски, Крстевски 5, Анастасовски 5, Мишевски 4, Трајковски, Димитров, Петковски, Карапалевски 1, Трпчевски 7, Димитровски 1, Гашоски, Кукуловски 4, Атанасовски 2 и Цветаноски.   Седмерци: 2/3.   Исклучувања: 20 минути.  Црвен картон: Атанасовски (3х2 минути) во 43. минута.

РК Металург 2: Василевски, Петковски, Савковиќ, Л.Додиќ, Трајковски, Гајиќ 3, С.Додиќ 8, Богдановски, Лембанов 1, Младеновиќ 11, Тодоров, Кондев 1, Митиќ 1, Ристовски 2, Костески 3 и Кофиловски 3.    Седмерци: 2/4.   Исклучувања: 10 минути.

Судии: Александар Вукашиновски и Мирко Трајковски од Скопје.

Делегати: К.Металари/С.Николов од Скопје.

Прочитано 72 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 1 = 10