Топ Вести

МЕТАЛУРГ 2 НЕ УСПЕА ПРОТИВ ПРОЛЕТ

19.04.2015 22:16
FLP_4059-2-640x360

za tekst

Нашата втора екипа не успеа да обезбеди пласман на фајналфорот во Купот на Македонија, откако денеска е поразена од тимот на Пролет, со резултат 25:22 (11:14).

Денешната средба имаше две дијаметрално различни полувремиња. Првото без дилема му припадна на нашиот тим, кој водеше во текот на сите 30 минути.

Второто, пак, го доби домашната екипа, која некаде на почетокот од ова полувреме го презеде водството и успеа да стигне до победата.

Водството на нашиот тим имаше доста забелешки на судењето на на прилепската судиска двојка Седлоски/Ангелески, кои меѓу другото го исклучија и нашиот тренер Александар Јовиќ.

Пролет – Металург 2  25:22 (11:14)

Металург 2: Даниловски, Алушовски, Бошковски 1, Бешлиевски, Крстановски 1, Гошевски, Гроздановски, Пешевски, Велковски 7, Маркудов 2, Ставридис 2, Давитковски 2, Матијашиќ, Петрески, Сековски 2 и Палевски 5.      Седмерци: 5/6.      Исклучувања: 8 минути.

Прочитано 856 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 1 = 5