Топ Вести

Металург 2 не успеа во Велес

12.05.2018 20:30
_DSC0022_resize

Во седмото плејаут-коло Металург 2 е поразен на гостувањето кај екипата на ГРК Борец, со резултат 28:25 (14:14). Тоа беше една од средбите во која младиот тим на Металург 2 бараше бодови за обезбедување на опстанокот во елитната македонска ракометна лига, но, и покрај  големата желба, не успеа во својата намера.

Во првото полувреме се играше цврст и комплетно рамноправен ракомет, а двете екипи постојано се менуваа во водството. Така и заврши овој дел, со израмнети 14:14.

Се чини дека решавачкиот период од средбата е почетокот на второто полувреме, кога Борец направи серија од 3:0. Оваа своја предност домашниот состав ја сочува до самиот крај, и покрај обидите на Металург 2 да се врати во игра.

Металург 2 останува на претпоследното место и го чекаат три тешки натпревари во последните три кола во кои ќе се обиде да го избегне баражот за опстанок во лигата. Дома играме со Радовиш, потоа му гостуваме на Вардар Јуниор, а во последното коло ќе го пречекаме Прилеп. Можеби токму таа последна средба и ќе решава која екипа ќе мора да мине низ искушението на бараж-натпреварот.

.

ГРК Борец – РК Металург 2  28:25 (14:14)

ГРК Борец: Стојановски 7, Јаневски 3, Витанов 4, Постоловски 2, Павловски 4, Темелковски, Тасков, Смилев, Јордановски, Солев, Петровски, Мачевалов 6, Минов, Лазаревски 1, Ристовски и Ристов 1.   Седмерци: 2/4.   Исклучувања: 8 минути.

РК Металург 2:  Василевски, Петковски, Смилевски 3, С.Додиќ 6, Гајиќ 2, Л.Додиќ, Трајковски, Савковиќ, Младеновиќ 3, Божиновски, Тодоров, Кондев, Митиќ 6, Ристовски 1, Костески 2 и Кофиловски 2.   Седмерци: 4/4.   Исклучувања: 8 минути.

Судии: Дејан и Димитар Георгиевски од Скопје.

Делегат: Камишевски Душко од Скопје.

Прочитано 146 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 − = 6