Металург 2 обезбеди четврт-финале во националниот Куп

24.02.2019 19:33
_DSC0035_resize

Со денешната победа против екипата на Весна Акумулатори, во финалето на осминафиналната група 1, ракометарите на Металург 2 обезбедија настап во четврт-финалето на националниот Куп. Металург 2 победи со убедливи 46:29 (22:12).

Двете екипи влегоа во финалето по тешките пресметки во вчерашните полуфиналиња, во кои Металург 2 по изведување на седмерци го елиминираше тимот на Македонија Ѓ.П., додека Весна Акумулатори минимално го поразија тимот на Куманово.

Во такви услови, посвежи, но и поквалитетни, беа нашите ракометари, кои одиграа одличен натпревар и високо го поразија тимот од Пробиштип, инаку тим на нашата школа од овој град.

Металург 2 беше доминантен во текот на целата средба, која ја почна со серија од 4:0. Од тој почеток се виде дека нашите ракометари нема да ја испуштат шансата за пласман во наредната фаза во Купот на Македонија, што и се случи, а високата победа е реална и очекувана. Честитки и за нашите пријатели од Пробиштип, кои заслужено се најдоа во ова финале.

.

РК Металург 2 – РК Весна Акумулатори  46:29 (22:12)

РК Металург: Михајлов 2, Кондев 10, Кофилоски 4, Попов 1, Митиќ, Лембанов 3, Ристовски 7, Василевски, Л.Додиќ 2, Гогов, Прцуловски, Младеновиќ 4, Тодевски 10, С.Додиќ, Гајиќ 3 и Мијатовиќ.    Седмерци: 3/3.    Исклучувања: 8 минути.

РК Весна Акумулатори: Ефтимов 5, Д.Славевски, Б.Славевски, Стојменовски, Спасовски 5, Ѓоргиевски 3, Арсов 4, Јовчевски, Пешевски 9, Трајковски, Митевски 3, Богоев и Стојчов.   Седмерци: 10/13.    Исклучувања: 8 минути.

Судии: Спаско и Глигор Ќаеви од Скопје.

Делегат: Кимовски Зоран од Скопје.

Прочитано 236 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


3 − 1 =