Топ Вести

МЕТАЛУРГ 2 ОБЕЗБЕДИ ФИНАЛЕ ВО ГРУПАТА 2 ОД КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА

18.04.2015 21:59
_DSC0117_resize

za tekst

Металург 2 денеска одигра полуфинален натпревар во групата 2 од Купот на Македонија, во која се и екипите на Лозар, на Работнички и на Пролет. Во полуфиналето нашиот втор тим ја совлада екипата на Лозар од Кавадарци, со резултат 28:20 (16:12) и се пласира во утрешното финале, каде ќе се сретне со победникот од средбата Работнички – Пролет. Финалната средба е на програмата утре, со почеток во 18.30 часот.

Металург 2 рано го презеде водството на средбата со Лозар и веќе на полувреме водеше со четири гола разлика, 16:12. Иста разлика момците остварија и во второто полувреме, кое го добија со резултат 12:8.

Гошевски погоди шестпати, а Давитковски еден гол помалку.

Лозар – Металург 2  20:28 (12:16)

Металург 2: Даниловски, Алушовски, Бошковски 2, Бешлиевски, Крстановски 1, Гошевски 6, Гроздановски, Пешевски 1, Велковски 1, Маркудов 1, Ставридис 4, Давитковски 5, Матијашиќ 3, Петрески 3 и Секуловски 1.     седмерци: 3/6.     исклучувања: 2 минути.

Прочитано 910 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 + 7 =