Металург 2 освои решавачки бодови во Кавадарци

24.11.2018 23:26
DSC0007_resize1

Во дерби-натпреварот на 11-тото коло на Првата лига, група 1, ракометарите на Металург 2 извојуваа убедлива победа на жешкиот терен во Кавадарци, каде ја совладавме екипата на ГРК Тиквеш, со резултат 26:33 (14:14). Овие три бода веројатно се решавачки за конечното освојување на второто место, бидејќи на три кола до крајот имаме шест бода повеќе од третопласираниот Тиквеш и осум бодови повеќе од Младост Богданци.

Инаку, средбата не почна добро за нашите ракометари, бидејќи домашната екипа поведе со 3:0. Требаше да поминат десетина минути пред првпат да израмнеме на 6:6, а потоа и првпат да поведеме со 7:8. По голема борба, првото полувреме заврши со израмнети 14:14.

Второто, пак, полувреме комплетно им припадна на нашите млади ракометари, кои храбро влегоа во жестоката битка на теренот и постепено ја зголемуваа својата предност до денеска максималните +9. Конечните 26:33 се реални, а победата на младиот Металург 2 е повеќе од заслужена.

Да потсетиме, во Скопје овие две екипи одиграа тензичен натпревар со 18 исклучувања и два црвени картони, а заврши со израмнети 29:29 (10:15).

До крајот на првиот дел од првенството Металург 2 ќе одигра уште три средби. Дома играме со Младост Богданци и со Партизан, а и гостуваме на екипата на Преспа.

.

ГРК Тиквеш – РК Металург 2   26:33 (14:14)

ГРК Тиквеш: Димитров, Кире Петров, Димитриев 1, К.Петров, Ристов, М.Петров, П.Петров, Ангелковски 1, Грозданов 7, Витанов 6, Јовановски 1, Лазов, Димовски 3, Ампов 2 и Пеов 5.    Седмерци: 3/5.   Исклучувања: 8 минути.   Црвен картон: Орданчо Лазов во 9. минута.

РК Металург 2: Божиновски, Михајлов 4, Кондев 7, Меловски 1, Кофилоски 1, Митиќ 1, Лембанов, Ристовски 1, Василевски, Л.Додиќ, Прцуловски, Младеновиќ 7, Тодевски 1, С.Додиќ 8, Гајиќ 2 и Мијатовиќ.    Седмерци: 3/6.    Исклучувања: 6 минути.

Судии: Михајло и Методија Илиевски од Битола.

Делегат: Игор Огненов од Битола.

Прочитано 297 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 6 = 8