Металург 2 подобар и од Радовиш

29.09.2016 01:19
_DSC0145_resize

Младиот Металург 2 денеска ја запиша својата прва победа во ВИП Суперлигата за изминатите две сезони. Ако минатата освои само еден бод во текот на целата сезона, во тековната по две кола веќе освои четири бода. Денесла е совладана искусната екипа на Радовиш, со резултат 30:27 (17:16).

Металуртг 2 заслужено ги однесе бодовите, бидејќи водеше во најголем дел од оваа интересна суперлигашка средба, но мора да се истакне дека искусниот противник постојано ни беше зад петици,а во последните десетина минути се погрижи натпреварот да има и драматична завршница, бидејќи на пет минути до крајот мина во водство со дури два гола предност.

Почетокот на средбата ветуваше лесна победа на нашиот претставник, бидејќи Металург 2 поведе со високи 5:1. Сепак, Радовиш успеа да ја надмине кризата и постепено ја намали разликата, па дури и израмни на 7:7. До крајот на првото полувреме се играше гол за гол, но на одмор сепак заминавме со минимална предност.17:16.

Вториот дел мина во израмнета борба. Цели 15 минути на наш гол, Радовиш враќаше со свој, а потоа дојде до пад во нашата игра и Радовиш успеа да стекне предност од два гола 22:24. Кога беше најтешко младиот Металург 2 покажа карактер и со серија од 8:2 ја врати највисоката предност од четири гола, 30:26. Последниот гол го постигна нашиот противник за конечни 30:27.

Металург 2 – Радовиш  30:27 (17:16)

Металург 2: Пешевски, Томовски, Реџиќ, Крстевски 7, Шулевски, Арсеновски, Димитриоски 4, Гошевски, Стојменов, Шилегов 2, Танковски 7, Јагуриновски 1, Матијашиќ 1, Лазаревски 4, Беќаровски и Палевски 4.    Седмерци: 4/5.    Исклучувања: 4 минути.

Радовиш: Паунов, Левов 9, Марков 2, Ѓорѓиев, Милосавлевиќ 2, Фенов 7, Постолов, Чизмовиќ 1, Спасков, Мачевалов 2, Петрушевски 3, Ристов, Борисов 1 и Спасов.   Седмерци: 6/7.    Исклучувања: 10 минути.

Судии: Виктор Начевски и Даниело Божиновски од Скопје.

Делегат: Камишевски Душко од Скопје.

Записник од средбата

Прочитано 6 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 − 7 =