Топ Вести

Металург 2 покажа класа против тимот на Младост

24.03.2019 18:12
_DSC0094_resize

Во четвртото коло на плеј-офот на Првата лига, екипата на Металург комплетно го надигра тимот на Младост од Богданци, совладувајќи го со резултат 35:27 (15:13). Со оваа победа нашите ракометари покажаа дека поразот против Македонија ЃП, во минатото коло, е само несреќна епизода на патот кон македонската Суперлига.

Металург 2 одлично го почна денешниот натпревар и после само неколку минути веќе имаше убава предност од 4 гола, 5:1. Но, кога помисливме дека денес ќе имаме комотен натпревар и лесна победа, ни се случи резултатска криза, која траеше десетина минути и која противникот ја искористи за целосен пресврт и свое водство од 8:10. Во овој период Металург 2 создаваше прилики, но не успеваше да ги материјализира. Нашите удари завршуваа или во пречка или покрај гол, а неколку удари скроти и противничкиот голман. Сепак, до крајот на првиот дел Металург 2 ја стабилизираше својата игра и ова половина од средбата ја заврши со предност од два гола, 15:13.

Во вториот дел комплетно го надигравме својот денешен противник. До израз дојдоа квалитетот на нашите ракометари, но и нивната младост и брзина. Многу брзо разликата порасна до безбедни пет гола, а при крајот на средбата имавме и максимални +9. Забележавме заслужена победа, наша трета во плеј-офот, со што и по ова коло ќе останеме на врвот на првенствената табела. Честитки за момчињата на Металург 2.

Веќе во идното коло не очекува исклучително тежок натпревар – му гостуваме на еден од најсериозните кандидати за влез во Суперлигата, тимот на Работнички.

.

РК Металург 2 – РК Младост 09  35:27 (15:13)

РК Металург 2: Василевски, Божиновски, Мијатовиќ, Михајлов 4, Кондев 8, Кофиловски 3, Гошевски 3, Митиќ 2, Ристовски, Серафимов 7, Л.Додиќ, Гогов, Младеновиќ 3, С.Додиќ 3, Гајиќ 2 и Прцуловски.    Седмерци: 3/3.    Исклучувања: 2 минути.

РК Младост: Димовски, Ристов 3, Тасев, Митревски 2, В.Караиванов 1, М.Караиванов 8, Шулевски 9, Гетов, Лисичков 2, Стојановски, Џалев, Тачевски 1 и Узунчев 1.   Седмерци: 3/3.    Исклучувања:  6 минути.

Судии: Седлоски Рубинчо и Ангелески Горан од Прилеп.

Делегат: Младеновски Сашо од Скопје.

Прочитано 393 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 − 7 =