- Фотогалерија од средбата Металург – ПрилепОбјавено пред 5 months
- Металург убедлив против екипата на ПрилепОбјавено пред 5 months
- Металург го утврди датумот, терминот и местото на одигрување на средбата со Спачва во СкопјеОбјавено пред 5 months
- Фото: Металург го одржа својот вечерен тренинг на игралиштето кај “Женска“ плажаОбјавено пред 5 months
- Металург пристигна во Струга, сите тестови на нашите ракометари се негативниОбјавено пред 5 months
МЕТАЛУРГ 2 ПОПУШТИ ВО ЗАВРШНИЦАТА ОД СРЕДБАТА СО ПЕЛИСТЕР

Металург 2 ја загуби средбата од 8. коло на македонската Суперлига, против екипата на Пелистер. Загубивме со резултат 20:26 (11:13), но тој не ја одразува реалната слика на тоа што денеска се случуваше во Автокоманда.
Металург 2 беше рамноправен во најголем дел од средбата, но попушти во завршницата од овој натпревар.
Во првото полувреме и двете екипи имаа свои минути. Прв поведе Пелистер, со 0:2, врати Металург, со серија од 4:0, а потоа повторно предност имаше гостинскиот тим. На одмор екипите заминаа при резултат 11:13 за Пелистер.
Металург 2 притисна на почетокот на вториот дел, прв постигна гол и тој резултат се задржа во следните неколку минути. За жал, еден немил настан ги поремети нашиот ритам и нашата игра. Имено во 35. минута од непосредна близина со топка во глава беше погоден ракометарот на Пелистер Петар Топиќ, кој доживеа вистински нокаут и беше пренесен на преглед во болница. Прекинот траеше добри десетина минути и тоа лошо се одрази врз играта на нашите млади ракометари. Металург помалку се загуби, а искусниот противник ја искористи својата шанса и брзо создаде разлика која веќе не можевме да ја стигнеме.
Металург 2 – Пелистер 20:26 (11:13)
Металург 2: Блажевски (11 одбрани), Петковски, Петрески, Доневски, Реџиќ 2, Шулевски, Стојковски, Бошковски, Димитриоски 8, Стојменов 5, Шилегов 4, Лембанов, Митревски, Лазаревски 1, Беќаровски и Гошевски. Седмерци: 6/6. Исклучувања: 6 минути.
Пелистер: Даниловски, Дрогришки 2, Маџовски 5, Тодоровски, Гинов 1, Топиќ 2, Илиевски 1, Маркудов, Крстевски, Рајатовски, Чачиќ 11, Ивановски, Николиќ 2, Вељановски 1, Димитровски 1 и Арсиќ. Седмерци: 4/5. Исклучувања: 4 минути.
Судии: Трајковски Мирко и Вукашиновски Александар од Скопје.
Делегат: Начевски Драган од Скопје.