Металург 2 поразен од Пролет

01.06.2016 12:24
GIL_4576_resize

Младите ракометари на Металург 2 ја загубија средбата од последното плејаут коло, против екипата на Пролет, со резултат 19:27 (9:11).

Иако е поразот изразен со осум гола разлика, реалната слика на теренот беше многу поинаква. Металург 2 беше подобриот тим во текот на целото прво полувреме и ја држеше контролата врз резултатот во своите раце. Последен пат водевме со 7:6, но потоа дојде до пад на концентрацијата и во последниот дел од првото полувреме дозволивме противникот да направи серија од 3:0, и да го преземе водството, кое го задржа до самиот крај.

Една од причините за убедливиот пораз е ужасната реализација на седмерците, бидејќи погодивме само еден од седумте досудени во наша полза.

Металург 2 ги заврши натпреварите и следната сезона ќе се натпреварува во Првата македонсла ракометна лига.

Пролет – Металург 2  27:19 (11:9)

Пролет: Кристо, Василевски 4, Ичокаев 5, Николовски 5, Мајнов, Аларов 1, Јовановски, Коруновски, Трајковски 2, Андоновски 1, Кимевски, Џонов, Дамчевски 2, Крстевски 2, Љубевски 2 и Стојановски 3.    Седмерци: 2/3.     Исклучувања: 12 минути.

Металург 2: Обреновиќ, Блажевски, Доневски, Гроздановски, Шулевски 1, Стојковски, Бошковски 4, Димитриоски 2, Стојменов 3, Шилегов 4, Петковски, Лембанов, Танкоски, Смилевски, Митревски и Гошевски 5.   Седмерци: 1/7.     Исклучувања: 2 минути.

Судии: Вукашиновски Александар и Трајковски Мирко од Скопје.

Делегат: Најденовски Миле од Скопје.

Прочитано 286 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 8 = 17