Топ Вести

Металург 2 повторно го одбра потешкиот пат

30.05.2018 21:18
_DSC0049_resize

Металург 2 ја изгуби најзначајната средба на сезоната и за својот опстанок ќе мора да се избори преку бараж-натпреварот со второпласираната екипа од Првата лига, најверојатно тимот на Струга.

Кога тоа беше најпотребно, нашите ракометари го одиграа својот најслаб натпревар и дојдоа во ситуација оправдано да стравуваат за својот опстанок. Денешниот натпревар со просечниот Прилеп беше голема шанса да се победи и да се обезбеди континуитет во настапите на Металург 2 во македонската Суперлига. Металург 2 беше рамноправен, па и подобар, само во почетната фаза на средбата, се до првото водство на противникот, после кое веќе немаа контрола врз ништо на овој натпревар.

Игравме лошо како во одбраната, каде дозволивме противничките ракометари слободно да го “решетат“ нашиот гол, така и во нападот, каде промашивме повеќе зицери отколку во текот на целата плејаут-фаза. За жал, нашиот противник многу повеќе ја посакуваше победата и стори многу повеќе за да дојде до посакуваните бодови, па малодушната и неповрзана игра на ракометарите на Металург 2 доведе до пораз, кој може многу да ги чини.

Терминот и местото на одигрување на баражот ќе бидат дополнително одредени.

.

РК Металург 2 – РК Прилеп  27:29 (11:14)

РК Металург 2: Василевски, Петковски, Смилевски, Савковиќ, Трајковски, Гајиќ 7, С.Додиќ 3, Божиновски, Лембанов, Младеновиќ 7, Тодоров, Кондев 2, Митиќ 7, Ристовски, Костески и Кофиловски 1.    Седмерци: 2/5.   Исклучувања: 2 минути.

РК Прилеп: Димоски, Трајкоски, Нешкоски 6, Илиески, Јанески 3, Петкоски 8, Трајкоски, Стојаноски, Крстески, Шокоски 5, Бозароски 3, Тодески, Ангеловски 4, Орданоски и Ангелески.   Седмерци: 3/3.   Исклучувања: 8 минути.

Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје.

Делегати: Русе Наумовски од Скопје.

Прочитано 49 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 − 2 =