Топ Вести

Металург 2 се подготвува во Пампорово

15.01.2019 20:44
0-02-04-a224ef7d5d9407cfb12c81442bae8fec2ac843b82a150bedaeae388b85a452c5_27f4466b_resize

Од вчера, па се до 19 јануари, екипата на Металург 2 се подготвува во Пампорово, Бугарија.

Нашите млади ракометари се подготвуваат за втората фаза од натпреварувањето во Првата ракометна лига и пред нив се многу тешки средби преку кои тие ќе се обидат да се вратат во македонската Суперлига. Металург 2 како второпласиран од групата 1 обезбеди настап во плејоф-групата, каде се уште и екипите на Работнички, Преспа, Тиквеш, Вардар Неготино, Македонија Ѓ.П, Јуниор КВ и Младост.

Ракометарите на Металург 2 се сместени во преубавиот хотел “Борика“ и ги имаат сите услови за добри подготовки.

Увде е навистина убаво и ги имаме сите услови за добри подготовки за продолжението на напорната сезона во Првата лига. И благодарам на клупската управа која имаше разбирање за нашите потреби. Тренираме двапати на ден, на техничко-тактички и на физички план“, вели тренерот на Металург 2 Раде Стојановиќ.

Металург 2 има посебно место во системот на Металург и претставува наш расадник за млади таленти. Ретки се ракометарите кои настапуваат или настапувале во Металург, а претходно да не играле за Металург 2. Јас како претседател, поддржана од сопственикот и од управата на клубот, ќе сторам се нашите млади ракометари да ги имаат најдобрите можни услови за подготовки и за тренинг, се со цел следната сезона да ги гледаме таму каде и што и припаѓаат – во македонската Суперлига. Ова е прва година кога и вториот тим на Металург оди на подготовки и мислам дека од тоа придобивка, освен Металург, ќе има и РФМ, бидејќи играчите на вториот тим на Металург се членови во сите млади селекции на Македонија“, рече Зорица Блажевска, претседателката на Металург.

Фото:

Прочитано 755 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


3 − 1 =