Металург 2 се враќа со победа од гостувањето во Кавадарци

04.04.2019 22:54
EMI_7726_resize

По шокантниот пораз на Металург на средбата со Еурофарм Работник, како мелем на душата дојде победата на Металург 2 на гостувањето во Кавадарци. Металург 2 го совлада тимот на ГРК Тиквеш, со убедливи 31:39 (14:20). Ова беше средба од шестото плеј-оф коло и четврта победа на ракометарите на Раде Стојановиќ.

Првите минути од натпреварот минаа во израмнета игра и повремени водства на двете екипи. Така беше се до резултат 7:7, а потоа тргна офанзивата на нашите ракометари, кои до крајот на првото полувреме обезбедија недостижна предност од шест голови.

Во вториот дел продолживме со добрата игра и во неколку наврати стигнавме и до двоцифрена разлика. Конечните +8 се реални и целосно заслужени.

Металург 2 веќе в сабота има нов тежок натпревар. Во Автокоманда ќе ја пречекаме екипата на Вардар Неготино, која во минатото коло му нанесе пораз на лидерот Работнички. Ова ќе биде четврти натпревар на Металург 2 во само седум дена, бидејќи со истиот состав изминатиот викенд го освоивме младинското првенство на Македонија.

.

ГРК Тиквеш – РК Металург 2  31:39 (14:20)

ГРК Тиквеш: Димиров, К.Петров, Димитриев 1, Кос.Петров 5, П.Петров 2, Минов 6, Толов, Стефанов, Коцев, Витанов 3, Пеовски 6, Лазов 2 и Димовски 6.   Седмерци: 6/7.   Исклучувања: 6 минути.

РК Металург 2: Василевски 1, Божиновски, Михајлов, Кондев 4, Попов 2, Кофиловски 4, Гошевски 6, Митиќ 2, Ристовски 7, Л.Додиќ, Гогов 1, Младеновиќ 5, С.Додиќ 3, Гајиќ 4, Мијатовиќ и Прцуловски.  Седмерци: 5/5.   Исклучувања: 12 минути.

Судии: Рубинчо Седлоски и Горан Ангелески од Прилеп.

Делегат: Илија Цветкоски од Прилеп

Прочитано 314 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


2 + = 8