Металург 2 се враќа со победа од Неготино

13.02.2020 01:17
DAR_3598_resize

Ракометарите на Металург 2 вечерва гостуваа во Неготино, каде одиграа пријателски натпревар со екипата на Вардар Неготино, која се натпреварува во прволигашка конкуренција.

Двете екипи одиграа динамичен, квалитетен и рамноправен натпревар, кој имаше две различни полувремиња.

Во првиот дел се водеше голема борба, но на крајот домашниот тим замина на одмор со предност од два гола, 14:12.

Се се смени во второто полувреме во кое ракометарите на Металург 2 заиграа поангажирано и успеаа да направат целосен резултатски пресврт и да ја добијат средбата со минимални, 27:28.

Инаку, нашите ракометари беа дочекани во пријателска атмосфера, со сите почести, а во таква атмосфера помина и натпреварот.

Вардар Неготино – Металург 2  27:28 (14:12)

Прочитано 408 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 + 8 =