Топ Вести

МЕТАЛУРГ 2 СЕ ВРАТИ СО ПОБЕДА ОД РЕСЕН

17.05.2015 18:13
_DSC0080_resize

za tekst

Екипата на Металург 2 се врати со победа од гостувањето кај РК Преспа, која ја совладавме со резултат 23:21 (11:8) во плејаут-натпреварот од 5. коло.

Победата е чиста како солза, бидејки водевме во текот на сите 60 минути, а на домаќинот не му дозволивме ниту да го израмни резултатот.

Средбата ја почнавме со серија од 3:0, а кон средината на првото полувреме имавме и предност од 5 гола, 9:4. Првата половина од натпреварот ја завршивме со резултат 11:8.

Со добра игра продолживме и во вториот дел, кога најчесто водевме со 2 до 4 гола разлика. Конечниот резултат е 23:21.

На овој натпревар блеснаа нашите голмани, па Дарио Алушовски собра неверојатни 20 одбрани, меѓу кои и 4 седмерци, додека Никола Даниловски имаше 5 одбрани, меѓу кои и еден седмерец.

Преспа – Металург 2  21:23 (8:11)

Преспа: К.Зузаровски, Леровски, Шабединовски 2, Недановски, Карапалевски, Ј.Зузаровски 6, Јошевски, Трајановски, Бочкаровски 3, Башевски 2, Калевски, Тунтевски 4, Георгиевски, Касовски и Камчев 4.     Седмерци: 5/7.      Исклучувања: 4 минути.

Металург 2: Алушовски (16 одбрани + 4 седмерци), Даниловски (4 одбрани + седмерец), Бошковски 3, Крстановски 1, Гошевски, Гроздановски 2, Пешевски, Велковски 6, Маркудов 2, Давитковски 5, Матијашевиќ 1 и Палевски 3.      Седмерци: 1/2.      Исклучувања: 10 минути.      Црвен картон: Маркудов (3х2 минути) во 34 минута.

Судии: Митревски Димитар и Тодоровски Благојче од Битола.

Делегат: Василев Јово од Битола.

Прочитано 482 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


3 + 4 =