Металург 2 се врати со победничкиот пехар од турнирот во Прилеп

31.08.2019 17:29
medali-mile-neskosk1i

Ракометарите на Металург 2 се победници на петтото издание на турнирот “Миле Нешкоски“ во Прилеп. Во третото коло нашите ракометари ја совладаа и екипата на Тиквеш, со резултат 36:30 (17:13), и со максимални три победи го освоија турнирот. Со своите игри на овој турнир, Металург 2 покажа дека ќе биде тврд орев за сите противници во претстојната сезона во македонската Суперлига.

.

Резултати на Металург 2:

Металург 2 – Алушовски  39:30 (14:11)

Прилеп – Металург 2  27:30 (13:17)

ГРК Тиквеш 2014 – Металург 2  30:36 (13:17)

.

Табела:

1. Металург  6 бода (105:87)

2. Прилеп  4 бода (86:77)

3. Тиквеш  2 бода (91:97)

4. Алушовски  0 бодови (81:102)

Нашиот Глигор Гајиќ е прогласен за МВП на турнирот.

Прочитано 378 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 − 5 =