Металург 2 со победа против Куманово ја заврши групната фаза во Првата лига

25.10.2020 22:20
DAR_8776_resize

Во последното коло од Првата лига, група “Б“, кое денеска се одигра во Неготино, Металург 2 ја совлада екипата на Куманово, со резултат 26:25 (12:13).

Металург 2 и Куманово одиграа еден крајно израмнет натпревар во кој победникот не се знаеше до самиот крај. Првото полувреме му припадна на противничкиот тим, кој водеше во најголемиот дел од првите 30 минути, најмногу со три голови разлика. Првото полувреме и заврши со минимална предност на МРК Куманово.

Големата борба за бодовите продолжи и во вториот дел, кој мина во наизменична предност на двата тима. Сепак, во самата завршница Металург 2 обезбеди предност од два гола, доволна за трите бода од оваа возбудлива средба.

Металург групната фаза ја заврши на второто место и запиша шест победи и еден пораз, вчерашниот од екипата на Скопје 2020.

Од нашата група, место во плејоф-фазата обезбедија Скопје 2020, Металург 2 и Куманово, додека четвртиот патник ќе се знае по одигрувањето на двете заостанати средби, од ова и од минатото коло.

.

МРК Куманово – РК Металург 2  25:26 (13:12)

МРК Куманово: Цветковски 7, Димитров 3, Стошиќ 1, Кузмановски 1, Димковски 1, Спасиќ, Денковски 4, Стојмановски, Петрушевски 1, Спасиќ 4, Даневски, Кимевски, Димитријевски, Трајковски и Поповски 3.    Седмерци: 3/5.     Исклучувања: 20 минути.     Црвени картони: Стошиќ во 42 минута и Петрушевски во 51 минута.

РК Металург: Брестовац, Димевски 3, Фидановски 2, Тричковски, Христоски, Трајкоски 1, Мелоски, Николов 5, Андревски 6, Ристовски, Георгиевски, Шкријељ, Петровски 4, Додиќ 4 и Прцуловски 1.    Седмерци: 4/8.     Исклучувања: 8 минути.

Судии: Рубин Седлоски и Горан Ангелески.

Делегат: Васил Чавдаров.

Прочитано 154 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 4 = 7