METAЛУРГ 2 СО ПОБЕДА СЕ ВРАТИ ОД РЕСЕН

19.10.2014 18:16
1

za tekst

Во петтото коло на македонската ракометна Суперлига, екипата на Металург 2 гостуваше во Ресен, кај екипата на Преспа 2010. Противникот е совладан со резултат 36:31 (19:14), со што Металург 2 се зацврсти на втората позиција на првенствената табела.

Домашниот состав водеше само во воведните неколку минути, а потоа резултатската контрола премина во рацете на нашиот тим. По последното израмнување, 8:8, нашите ракометари направија серија од 11:6, за предност од пет гола на крајот од првото полувреме.

Вториот дел помина во израмнета борба во која Металург ја задржа својата предност.

Преспа 2010 – Металург 2  31:36 (14:19)

Преспа 2010: Љеровски, Шабединовски 6, Б. Павловски 1, Крстевски 4, Јошевски 5, Трајановски, Бочкаровски 6, Петревски 1, Башевски 6, Котевски, Настевски, Тасевски 1, Ристевски, К. Павловски 1, Касовски.

Металург 2: Даниловски, Блажевски, Бошковски, Борј. Маџовски 2, Бешлиевски, Костески 9, Манасков 6,  Велковски 1, Маркудов, Давитковски 3, Бој. Маџовски 7, Крстевски 3, Палевски 4 и Гроздановски 1.

Прочитано 777 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 − = 7