Металург 2 со пресврт во второто полувреме дојде до бод во Велес

12.10.2016 16:34
MJI_415312102016_resize_resize

Металург 2 дојде до бод на средбата одиграна во Велес. Иако Борец на полувреме водеше со 6 гола разлика, 19:13, на крајот токму домаќинот се спасуваше од пораз, откако Металург во последната минута влезе со гол предност, но прими гол во последните секунди..

Првото полувреме му припадна на тимот на Борец, кој во најголем дел од овој период одржуваше водство од неколку гола. Борец на самиот почеток поведе со 3:0, а Металург првпат израмни при резултат 5:5. Средишницата од првото полувреме мина во рамноправна борба, но во последната третина Борец набрзина создаде опиплива разлика, која до крајот на првото полувреме стигна до максимални +6, 19:13.

Но, Металург 2 покажа карактер и направи целосен пресврт во второто полувреме. Нашите млади ракометари постепено ја намалуваа предноста на велешани, а израмнија при резултат 26:26, за да веќе во следниот напад и поведат со 26:27. Нашето максимално водство изнесуваше три гола, 27:30. Сепак, Борец успеа да се спаси и да го приведе натпреварот до мирољубива завршница.

По пет одиграни кола, Металург 2 има биланс од две победи, две нерешени средби и еден пораз.

 

Борец – Металург 2  31:31 (19:13)

Борец: Димовски, Куциноски, Стојановски 6, Јаневски, Стојковски, Крстевски 1, Гинов, Петровски, Андовски 1, Блажески, Органџиев 1, Павловски 7, Ордев 1, Илиев 12, Трајковски 1 и Давитковски 1.   Седмерци: 5/5.     Исклучувања: 8 минути.

Металург 2: Томовски, Пешевски, Реџиќ, Крстевски 4, Шулевски, Димитриоски 11, Гошевски, Стојменов, Шилегов, Арсеновски 2, Танкоски 3, Јагуриновски 5, Матијашиќ 1, Лазаревски 1, Лембанов и Палевски 4.    Седмерци: 5/6.     Исклучувања: 8 минути.

Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски.

Делегат: Васе Чавдаров.

Прочитано 0 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 + 6 =