Топ Вести

МЕТАЛУРГ 2 ЗАГУБИ НА ГОСТУВАЊЕТО КАЈ ТЕКСТИЛЕЦ

24.05.2015 21:11
10

za tekst

Екипата на Металург 2, во рамките на 7. коло од македонскиот плејаут, гостуваше кај Текстилец и ја загуби средбата со резултат 29:33 (14:16).

Нашиот втор тим на оваа средба отпатува дополнително хендикепиран со отсуството на главните играчи Велковски и Давитковски, како и без вториот голман Алушовски. Во таква ситуација нашиот тим настапи со само десет расположливи ракометари.

Текстилец ја заслужи победата, бидејки во најголем дел од средбата имаше резултатска предност, но и Металург 2 не беше без своја шанса. Имено, по десетина минути од играта во второто полувреме, нашите ракометари поведоа со резултат 20:18, но таа своја предност не успеаја и да ја задржат.

Најдобар стрелец кај нас беше пикерот Маркудов, кој средбата принудно ја играше на позиција бек и кој постигна 7 гола. Нашиот голман Даниловски одбрани 18 удари.

Текстилец – Металург 2  33:29 (16:14)

Металург 2: Даниловски (18 одбрани), Бошковски 2, Крстановски 2, Гошевски 3, Маркудов 7, Матијашиќ 1, Петревски 3, Палевски 5, Гроздановски 6 и Пешевски.

Прочитано 562 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 − = 2