Металург 2 загуби од екипата на Пролет

09.05.2016 16:52
_DSC0214_resize

Во првенствениот натпревар од плејаутот на првенството на Македонија, Металург 2 во Автокоманда загуби од екипата на Пролет, со резултат 25:30 (13:17).

Иако резултатот на Пролет делува убедливо, на теренот и беше баш така. Металург 2 беше подобриот тим во најголем дел од првото полувреме, во кое водеше со 4:1, 5:2 и последен пат со 6:5. Потоа следеше период на рамноправна игра, се до самата завршница од овој дел, кога Пролет успеа да спроведе серија од 4:0.

Слично беше и во второто полувреме. Металург успеа во повеќе наврати да се доближи на само еден гол негатива, 17:18, 20:21, 22:23, 23:24, 24:25 и 25:26, но повторно кобна беше завршницата во која повторно Пролет направи серија од истите 4:0.

Металург 2 – Пролет 25:30 (13:17)

Металург 2: Доневски, Гроздановски, Петрески, Шулевски, Стојковски, Бошковски 2, Димитриоски 14, Стојменов 2, Шилегов 4, Петковски, Лембанов 1, Смилевски, Блажевски, Лазаревски 2, Беќаровски и Гошевски.    Седмерци: 6/8.     Исклучувања: 4 минути.

Пролет: Василевски, Ичокаев, Николовски, Лефковски, Мајнов, Стоилов, Аларов, Коруновски, Трајковски, Андоновски, Кимевски, Трајчевски, Дамчевски, Крстевски, Љубевски и Стојановски.   Седмерци: 1/2.     Исклучувања: 14 минути.

Судии: Андоновски Виктор и Јовановски Стојанче од Скопје.

Делегат: Наумовски Русе од Скопје.

Прочитано 532 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 1 = 1