Топ Вести

МЕТАЛУРГ 2 ЗАГУБИ ВО АВТОКОМАНДА ОД ЕКИПАТА НА ПЕЛИСТЕР

08.04.2015 22:55
_DSC0070_resize

za tekst

Вечерва во Автокоманда се одигра натпревар од првото плеј-аут коло во кој Металург 2 ја пречека екипата на Пелистер. Оваа средба претходно беше одложена поради настапот на кадетската репрезентација на турнирот во Бугојно.

За жал, ослабениот Металург 2 нема конкурентен тим, бидејќи најголемиот број негови ракометари поминаа во екипата на Металург, па вечерва не можеа да му се спротивстават на разиграниот тим на Пелистер.

Средбата заврши со резултат 30:24 (16:9) за битолчани, кои во текот на целиот натпревар имаа водство. Пелистер го почна натпреварот со серија од 3:0, на што Металург 2 врати со два гола. Рамноправна игра се водеше во првите десетина минути, се до резултат 5:6 за Пелистер, кој во наредните десет минути направи серија од дури 6:0, за 5:12. На полувреме заминавме со негатива од 7 гола, 9:16.

На почетокот од вториот дел, постигнавме едноподруго три гола и намаливме на 12:16. Се разви жестока битка која изгледаше дека ќе ја добие Металург 2. Во 49. минута стигнавме до негатива од само еден гол, 21:22, но потоа следуваа наши лоши десет минути, што Пелистер го искористи и создаде нова опиплива разлика. Средбата заврши со резултат 24:30, за нашиот противник.

Металург 2 – Пелистер  24:30 (9:16)

Металург 2: Даниловски, Алушовски, Бошковски 4, Крстановски, Гошевски, Гроздановски, Сековски 1, Велковски 4, Маркудов, Ставридис 1, Давитковски 4, Матијашиќ 3. Петрески и Палевски 7.     Седмерци: 3/3.     Исклучувања: 10 минути.     Црвен картон: Маркудов во 35 минута (3х2 минути).

Пелистер: Крстевски, Николиќ 1, Дрогришки 6, Илиевски 8, Рајатовски 4, Тодоровски 3, Гаревски 2, Јовановски, Ѓорѓиевски, Христов, Кузмановски 5 и Симоновиќ.    Седмерци: 3/3.     Исклучувања: 4 минути.

Судии: Начевски Ѓорѓи и Николов Славе од Скопје.

Делегат: Начевски Драган од Скопје.

Прочитано 948 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 − = 2