Металург 2 заслужено избори бод во тешкиот натпревар со Пролет

17.09.2016 23:39
14393376_611507155677962_1126052414_o_resize

Неверојатен натпревар одиграа екипите на Пролет и на Металург 2, неверојатен од самиот почеток. Со оваа средба почна новото ракометно првенство на Македонија.

Пролет почна со серија од 5:0, за време на која Металург изгледаше целосно загубен. На запрепастување на сите, нашите ракометари се вратија во игра, со своја серија од 4:0, за 5:4. Во тој момент, пак, впечатокот беше дека Металург ја надмина кризата и дека ќе следеме израмнет натпревар. Но, повторно не беше така, бидејќи Пролет ја врати разликата на максимални +5, 10:5 и 12:7. Крајот на првото полувреме донесе нов пресврт и нова серија на Металург 2 од 5:1, па на полувреме заминавме со минимална негатива, 12:13.

Во својот прв напад во вториот дел Металург за првпат го израмни резултатот, 13:13. Но, неверојатните пресврти продолжија и понатаму. Пролет повторно направи серија од 5:0, за 18:13, а потоа истата предност ја имаше и при 20:15. За среќа, последниот збор го имаа нашите ракометари, кои се вратија со нова серија од 5:1, за 20:21. Се до крајот следевме израмнета борба и екипите наизменично постигнуваа голови.

Најдраматични беа последните пет секунди од средбата во кои влеговме со негатива од еден гол, 25:26. Сепак, го искористивме преостанатото време и преку Крстевски постигнавме гол, за конечни 26:26 и за ерупција на радост. Навистина неверојатен натпревар и неверојатен расплет.

Металург 2 во својот прв натпревар го освои и својот прв бод, колку што освои и во целото минато првенство.

Најефикасен поединец во домашната екипа беше Ласко Андоновски со 8 голови, додека Ролевски постигна 6 погодоци. Кај Металург 2 се истакна Горан Крстевски, кој беше прекoмандуван од првиот тим со 7 голови, а Димитриоски и Танкоски додадоа по 5 погодоци.

Пролет – Металург 2  26:26 (13:12)

Пролет: Кимевски, Кристо, Ф.Василевски, Аларов, Лубевски, Мајнов 2, А.Василевски 3, Ролевски 6, Јовановски 2, Андоновски 8, Огњановски, Џонов, Дамчевски, Стојановски 3, Ичокаев 1 и Николовски 1.   Седмерци: 5/5.     Исклучувања:  8 минути.

Металург 2: Пешевски, Петковски, Лазаревски 3, Шулевски, Беќаровски, Шилегов 1, Беќаровски, Шилегов, Гошевски 2, Смилевски, Палевски 2, Димитриоски 5, Танкоски 5, Реџиќ, Крстевски 7, Стојменов, Здравковски и Гроздановски 1.    Седмерци: 3/3.     Исклучувања:  6 минути.

Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје.

Делегат: Душко Камишевски од Скопје

Тек на натпреварот: 5:0, 5:4, 8:4, 10:5, 12:7, 12:10, 13:12 — 13:13, 18:13, 20:15, 20:18, 21:20, 25:22, 25:24, 26:26

Записник од натпреварот

Прочитано 3 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 − 2 =