МЕТАЛУРГ БЕШЕ БЛИСКУ ДО НОВА СЕНЗАЦИЈА

08.02.2014 22:45
PSG-METALURG SKOPJE

rk-metlurg-logo_final_resize

Блиску беше Металург до нова сензација, овој пат среде Париз. Го стиснавме и го испотивме големиот Пари Сен Жермен. На крајот загубивме, се чини, со превисоки три гола разлика. Штета, ракометна Европа ќе имаше за што да зборува. При тоа, не можеме да не наведеме дека Атман, Веле Маркоски и Јоновски натпреварот го одиграа со половина од своите сили, неопоравени од повредите што ги влечат. Тоа особено важи за Павел Атман, кој не упати ниту еден од неговите удари, кои патуваат со брзини над 110 км/ч, се поради повредата на тетивата на шутерската рака. На жалост, свој ден немаа и нашите голмани, особено во првото полувреме.

Почнавме навистина лошо. Воведната четвртина ја одигравме според најцрните сценарија. Кога во 14. минута на семафорот се појави резултат 9:2, за домашниот состав, многумина се сетија на Блауграна и на катастрофалниот пораз од Барселона. Во тој период немавме ниту еден одбранет удар од нашите голмани, а нашата одбрана беше видливо импресионирана од имињата на противничките ракометари, па, не направи ниту еден конкретен фаул. Поради тоа дојдовме во ситуација во контра да ни бега еден Вори, со своите 203 см и 115 кг. Во оваа прва четвртина го загубивме и натпреварот.

Потоа, се случи пресврт. Се разигра Вугринец, во игра влезе се подобриот Циндриќ, Миркуловски одигра уште една партија за паметење, а Георгиевски ја почна својата феноменална серија. На 30 секунди до крајот стигнавме до резултат 15:12, а полувремето заврши со противничка предност од четири гола, 16:12.

Во второто полувреме Металург се надмина себе си и го надигра противникот. Многу брзо ја стопивме противничката предност и внесовме вистински немир во редовите на противникот. Лука Циндриќ, неверојатно дрскиот млад ракометар, и Гоце Георгиевски, ја изрешатаа мрежата прво на Сиера, а потоа и на Аноне. Неколку, пак, потези на Миркуловски го доведоа до очај противникот. Свој допринос дадоа и останатите наши напаѓачи, Димовски, Вугринец, Атман. Во овој период се стабилизира и нашата одбрана, а мала серија имаа и нашите голмани. Во 52. минута целосно го преокренавме резултатот и преминавме во водство, 26:27. А, потоа повторно застанавме и следните осум минути погодивме уште само двапати. Пари Сен Жермен го имаше Хансен, кој денеска беше несопирлив. Победата на крајот, сепак заслужено, им припадна на домашните ракометари, а останува да жалиме што не реализиравме во последниот напад, со што ќе бевме подобри во вкупниот меѓусебен скор.

Достојно го презентиравме македонскиот ракомет и не ги разочаравме нашите навивачи. Со составот и со силите со кои располагавме денеска, одигравме храбро против тим во кој секој втор ракометар е носител на медал од последното ЕП во Данска.

Пари Сен Жермен – Металург  32:29 (16:14)

Пари Сен Жермен: Сиера, Аноне, Хансен 8, Копљар 7, Вори 5, Гојун 3, Бојиновиќ 2, Гунарсон 2, Абало 1, Гарсија 1, Халгримсон 1, Онрубија 1, Мелиќ 1, М’тима, Диав и Часар.    Седмерци: 1/2.    Исклучувања: 12 минути.

Металург: Станиќ (3 одбрани), Мијатовиќ (5 одбрани), Вугринец 6, Георгиенски 6, Циндриќ 5, Миркуловски 5, Манасков 3, Атман 2, Димовски 2, Кеџо, Јоновски, В.Маркоски, Н.Маркоски, Мандиќ, Мојсоски и Ојлески.      Седмерци: 3/4.     Исклучувања: 6 минути.

Прво полувреме: 0:1 (Миркуловски), 1:1, 2:1, 3:1, 4:1, 4:2 (Миркуловски), 5:2, 6:2, 7:2, 8:2, 9:2, 9:3 (Циндриќ), 10:3, 10:4 (Вугринец), 10:5 (Георгиевски), 10:6 (Манасков), 11:6, 11:7 (Вугринец – седмерец), 11:8 (Вугринец), 12:8, 13:8, 13:9 (Манасков), 14:9, 14:10 (Вугринец),15:10, 15:11 (Георгиевски), 15:12 (Циндриќ), 16:12.

Второ полувреме: 16:13 (Димовски), 17:13, 17:14 (Циндриќ), 18:14, 18:15 (Манасков), 18:16 (Манасков), 18:17 (Вугринец), 19:17, 20:17, 20:18 (Димовски), 20:19 (Георгиевски), 21:19, 21:20 (Миркуловски), 22:20, 23:20, 23:21 (Георгиевски), 24:21, 24:22 (Циндриќ – седмерец), 25:22, 25:23 (Циндриќ – седмерец), 25:24 (Миркуловски), 26:24, 26:25 (Атман), 26:26 (Георгиевски), 26:27 (Георгиевски, 52 минута), 27:27, 28:27, 29:27, 29:28 (Атман), 30:28, 30:29 (Миркуловски), 31:29, 32:29.

Прочитано 2.080 пати

(10) Коментари

  1. Luka Cindric!!!!!!! :)

  2. Ma svaka čast, želim sve čestitke Luki Cindriću mali je nevjerojatan, ma samo da on krene jos jedna dvije utakmice i doci ce on na svoje i pokazati svima kako se rukomet igra, naprijed Lukaa :) divim se gledati te, od sad cu svaku tvoju utakmicu gledati 😉

  3. Čestitke prije svega gospodinu Lini koji je prepoznao rukometni potencijal i talent u Luki Cindriću. Pokazuje dečko kako voli rukomet i ekipu za koju igra. Sva podrška Metalurgu, a Cindriću uspješnu sportsku karijeru bez ozljeda.
    Za plavo-beli za pobeda, za naša mila Makedonija.
    Bravo Luka. Voli te Zagreb!!!!

  4. Sekako deka e za pofalba igrata na Metalurg. Za malku senzacija samo sudiite da bea pokorektni i ne da ni pomagaa barem da ne ni odmagaa. Luka Cindrik vo treta utakmica a veke pokazuva svetska klasa, na nekoi im treba i cela sezona da se razbudat od zimski son ida zaverglaat.

  5. Bravo Luka bravo Metalurg odlicno izigravte, vie ste moi idoli

  6. cestitki za poslednite 40 minuti….treba malku gospodin lino da gi meni golmanite i da mu dade sansa i na mitrevski ne deka stanic i mijatovic ne se dobri tuku da im pokaze deka ne se zagarantirani so mesto vo timot treba malku povece da go ispotat dresot……..realno da vlezese barem eden od niv vo serija barem minimalna mozebi ke bese drug konecniot rezultat…kako i da e cestitki za site iako izgubivte vie ste naseto najdobro od makedonija

  7. Lino daj izribaj go manaskov da ne se zanesuva tolku najgolem vinovnik sto ne pobedi metalurg.

  8. Realno poslednite napadi gi zgresija prvo Vugrinec , pa Cindric i na kraj Manaskov ama pa tie bea so Ziti i najzasluzni ama toa e sepak bravo samo ubeden sum deka na metalurg mu treba zamena na Vugrinec i toj e exstra ama mora i toj da se odmori a Metalurg ne e tim od maloto pa koga toj izleguva da vleguvaat 3 centralni beka za toa treba da podrazmisli upravata na klubot znaci da se razbereme VUGRINEC E EXSTRA ama covek na 39 godini da igra 60 minuti ne e vo red , a i za Vanco istoto i za nego mora sledna sezona da se zeme zamena i za nego, znaci na ovoj tim da rastura i ponatamu mu trebaat zamena na desno krilo , zamena na desen bek i PIKER i najvaznoto vo napadot na metalurg igraat ZUTI,MOJSO,ATMAN A SEGA I CINGRIC TIE UPRAVO SE CENTRALNI A NE LEVI BEKOVI DA SE RAZBEREME AKO ISKRENO SAKATE GOLEMI USPESI MORA DA SE IMA I KVALITETEN LEV BEK ZEMETEGO MOUSAVI IRANECOT STO IGRASE ZA VESPREM sigurnio ne e skap igrac ……

  9. cestitki za dobrata igra imam edna zabeleska prvin manaskov si e dobar samo ne mi e jasno zasto zarko pesevski i markovski i ponatamu sedat na klupa da sekoja ces za dimovski ama vreme e malku da odmori on mnogu dade za metalurg ama treba da im sedade povake sansa sepak se mladi nadezni sportisti.

  10. cestitki super igravte

Напишете коментар


1 + 4 =