Металург беше на чекор од сензација

29.04.2019 18:17
_DSC0148_resize

Средбата од 5. плејоф-коло на македонското првенство, меѓу екипите на Вардар и на Металург, заврши со минимална победа на домашниот тим. Вардар освои три бода, иако сосема праведно ќе беше бодовите да ги освои и Металург, бидејќи гледавме апсолутно рамноправна средба, во која Металург во поголем дел од натпреварот имаше резултатска предност.

Иако Вардар во средбата влезе како апсолутен фаворит, ракометарите на Металург од самиот почеток покажаа желба да го изненадат противникот и да освојат бодови таму каде што тоа ретко кому му успева.

Првото полувреме почна со меѓусебна размена на голови, а Металург своето прво водство го забележа при резултат 3:4. Вардар нагло го засили темпото и направи серија од 4:0, за прво повисоко водство од 7:4. Но, тоа не ги збуни ракометарите од Автокоманда, кои експресно вратија со своја серија од 3:0, за 7:7. Финишот на првото полувреме мина комплетно во знакот на Металург, кој тргна од 14:14 и заврши со 15:18, заминувајќи на одмор со солидни три голови разлика.

Вториот дел мина во жестока борба. Десетина минути Металург успеваше да го одржи водството, а потоа Вардар направи комплетен резултатски пресврт и поведе со убедливи 25:22. Кога се чинеше дека Вардар ги реши дилемите околу победникот, Металург со пожртвувана игра се врати во натпреварот и повторно го врати водството. Металург водеше со 26:28, водеше и со 29:30 и 30:31, но не ги издржа последните две минути. Последните два гола ги постигна Вардар и успеа минимално да слави. Металург го имаше последниот напад, но имаше на располагање само неколку секунди доволни Маџовски да упати удар од невозможна позиција и да ја погоди противничката мрежа од надворешниот дел.

Штета, Металург навистина беше блиску до сензација и заслужи најмалку еден бод.

.

РК Вардар – РК Металург  32:31 (15:18)

РК Вардар: Стоилов 5, Недановски 3, Поповски 4, Карачиќ 2, Калараш 1, Чупиќ 1, Горбок 3, Шишкарев 1, Војводиќ 3, Кисељев 9, Гхедбане, Милосављев, Мишевски, Чакалиќ, Димчевски и  Димитриевски.    Седмерци: 3/3.    Исклучувања: 2 минути.

РК Металург: Дупјачанец, Томовски, Јагуриновски 1, Лазаревски 3, Димитриоски 2, Токиќ 4, Шилегов 8, Танкоски 2, Серафимов 2, Младеновиќ, Шпенде 4, Пучник 1, Миличевиќ, Маџовски 3, Стојановиќ и Арсеновски 1.     Седмерци: 3/3.    Исклучувања: 0 минути.

Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола.

Делегат: Петре Климаков.

Прочитано 617 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 + 2 =