МЕТАЛУРГ БЕЗ НАПОР ГО СОВЛАДА БОРАЦ

04.02.2014 22:01
GIL_9331_resize

rk-metlurg-logo_final_resize31

Металург денеска имаше лесна задача во рамките на 13. коло на Гаспром регионалната (СЕХА) лига. Иако настапи без Станиќ, Атман, Димовски, Пецаковски и Јоновски, Металург без напор и без посериозен отпор го разби финансиски разнишаниот и демотивиран тим на Борац од Бања Лука. Иако беа на списокот, во игра не влегоа Јоновски, кој доби поштеда, и Пецаковски, кој непосредно пред натпреварот доби температура.

Првото полувреме го одигравме со својата втора постава засилена со Веле Маркоски. По почетното испитување на силите нашите ракометари тргнаа во опсада на голот на противникот, а Ојлески, Н.Маркоски, Кеџо и Мандиќ буквално ја изрешетаа мрежата на противникот, обезбедувајки ни предност од десет гола, веќе по првиот дел од средбата, 16:6.

Во второто полувреме во игра беа внесени нашите првотимци. Расположените Вугринец, Манасков, Миркуловски и останатите наши ракометари ја подигнаа атмосферата во салата со низа атрактивни додавања и цепелини, што на крајот резултираше со висока победа од 16 гола разлика, 36:18.

За обележување е резултатот на Мандиќ, кој постигна 8 гола од исто толку обиди.

Металург – Борац БЛ  36:18 (16:6)

Металург: Мијатовиќ (6 одбрани), Митревски (9 одбрани), Пецаковски, Јоновски, Ојлески 4/5, Вугринец 3/4, Георгиевски 1/1, Манасков 6/7 (1), Миркуловски 2/3, В.Маркоски 1/1, Мојсоски 0/2, Н.Маркоски 3/3, Лука Циндриќ 4/4 (2), Кеџо 3/5, Мандиќ 8/8 и Пешевски 1/1.     Седмерци: 3/4.       Исклучувања: 4 минути.

Борац БЛ: Блажевиќ (5 одбрани), Хаселиќ, Дакиќ, Јанковиќ 3/6, Тешиќ 0/1, Крстајиќ 1/1, Микиќ 1/2, Њезиќ 5/6, Безбрадица 3/12, Обрадовиќ 4/11, Шешиќ 1/2, Цераниќ 0/2 и Тркуља о/1.      Седмерци: 0.    Исклучувања: 4 минути.

Судии: Иван Павиќевиќ и Милош Ражњатовиќ од Црна Гора.

Делегат: Небојша Вујисиќ од Црна Гора.

Прочитано 2.417 пати

(3) Коментари

  1. Зошто кога се знае дека Борац е една од нај слабите екипи во СЕХА лигата не им се даде шанса и на помладите играчи – мислам на играчите од Јуниор кои и маат подпишано за првиот тим да изиграат па и тие да се вклопуваат полека . Нели тие ке играа во СЕХА и во домашното првенство ?

    • Oвој натпревар се искористи како подготовка пред средбата со ПСЖ.

  2. Добро , сепак не требало толку да ги полните, во ред е тренинг ама не со Борац, требало помладите да заиграат, само мое мислење.

Напишете коментар


+ 6 = 9