Металург без проблем го совлада Охрид

20.04.2016 20:18
_DSC0110_resize

Во второто плеј-оф коло Металург во Автокоманда ја совлада екипата на Охрид, со резултат 30:23 (15:9).

Иако се работи за амбициозна и добра екипа, Охрид сепак не можеше долго да му парира на Металург, па по рамноправни осум минути, при резултат 4:4, Металург направи серија од 7:0, за 11:4 во 19. минута.

Иако се играа уште 40 минути оваа разлика остана иста до самиот крај на средбата. Охрид повремено успеваше да ја намали нашата предност, како во 40. минута, кога се доближи на само четири гола негатива, 19:15, но и Металург водеше во 49. минута со максимални осум гола 25:17, што го повтори и во уште два наврати.

Металург – Охрид  30:23 (15:9)

Металург: Дупјачанец, Томовски, Петров, Маџовски, Костески 4, Матиќ 1, Вујовиќ 1, Бувиниќ 3, Кузмановски 2, Јагуриновски, Кукоски, Талески 10, Пешевски 3, Палевски 2, Шаин 4 и Арсеновски.    Седмерци: 4/4.     Исклучувања: 6 минути.

Вардар: Андоновски, Новаковиќ, Трајкоски, Колев, Тасески 2, Павловиќ 4, Печенковски, Кежиќ 3, Вражалица 4, Стојановиќ 6, Хогас, Трифуновски, Мачу Абдел и Белевски 4.   Седмерци: 2/2.     Исклучувања: 8 минути.

Судии: Кркачев Сашо и Колевски Ѓоко од Скопје.

Делегат: Начевски Драган од Скопје.

Прочитано 937 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 + 1 =