Топ Вести

МЕТАЛУРГ БЕЗ ПРОБЛЕМ ПРОТИВ ТИНЕКС ПРОЛЕТ

12.05.2015 21:32
Metalurg-TineksProlet 12.05 (19)_resize

za tekst

Немаа проблеми ракометари на Металург на денешната средба од петтото плејоф-коло, против екипата на Тинекс Пролет. Малата неизвесност траеше десетина минути, се до нашето прво водство, при 5:4, а потоа постоеше само нашиот тим, кој постепено ја градеше својата предност. Првото полувреме го завршивме со позитива од пет гола, 16:11, а во второто додадовме уште седум, за конечни 32:20.

Со оваа средба заврши првата половина од плејоф-календарот. Металург е второпласиран, со четири победи и еден пораз, од екипата на Вардар.

Металург – Пролет  32:20 (16:11)

Металург: Митревски, Ефендиќ, Голубовиќ, Ојлески 4, Маџовски Бојан 3, Костески 1, Манасков 1, Бувиниќ 4, Кукоски 1, Маџовски Борјан 1, Талески 3, Војводиќ 2, Пешевски 2, Џукиќ 7, Вргоч и Стојановиќ 3.      Седмерци: Металург 5/5.       Исклучувања: Металург 6 минути.

Пролет: Кимевски, Коруновски, Петровски 1, Џонов, Николовски, Мајнов 1, Ролевски 4, Јовановски 2, Трајковски, Дамчевски 1, Димковски 2, Димитриески 2, Апостоловски, Крстевски, Андоновски 7 и Стојановски.       Седмерци: Пролет 4/4.     Исклучувања: Пролет 4 минути.

Судии: Начевски Ѓорѓи и Николов Славе од Скопје.

Делегат: Аце Николовски од Скопје.

Прочитано 1.264 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


5 − = 0