Металург денеска ги претстави сите свои засилувања

02.11.2018 15:05
MJI_3293_resize

По прес-конференцијата по повод претстојниот натпревар со екипата на Чеховски Медведи, Металург ги претстави трите свои засилувања стекнати во паузата, пред продолжението на сезоната во Лигата на шампионите и во СЕХА-лигата.

Се работи за тројца ракометари кои можат да играат на позиции лев и среден бек.

MJI_3271_resizeАлександар Шпенде (25 г., 197 см., 93 кг.) потпиша договор до крајот на тековната сезона, со можност истиот да биде продолжен.

Тука сум веќе две недели. Скопје е убав град. Сакаме да се вклопиме и со Металург да победуваме, да покажеме дека сме добар тим. Сакаме во првенството да му конкурираме на Вардар. Не очекува интересноа сезона“, изјави Шпенде.

MJI_3274_resizeМиха Пучник (30 г., 191 см, 100 кг.) исто така потпиша договор до крајот на тековната сезона, со можност истиот да биде продолжен.

Јас сум најстар играч во Металург. Сакам да му помогнам на клубот. Останатите се млади, добро е да се игра во Лигата на шампионите и се надевам дека ќе придонесам за тимот. Сакам да биде подобро од претходното, ќе се потрудам да направам разлика на мечевите“, изјави Пучник.

MJI_3282_resizeГонзало Риберио Грача (21 г., 187 см., 95 кг.) потпиша договор до 2020 година.

За мене е добро да бидам тука. Сакам да напредувам, гледам дека Металург има добар тим. Мислам дека најважно е што ќе бидеме сите заедно и ќе се обидеме да ги достигнеме поставените цели во оваа сезона. Како Португалец, да дојдам да играм во Лигата на шампионите толку рано е добро. Металург е важен предизвик за мене“, изјави Рибеиро.

.

Фото:

Прочитано 833 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 5 = 12