Металург денеска ги завршува висинските подготовки во Маврово

11.08.2017 21:52
20662804_10211727464994934_1203071629_o

Еднонеделните висински подготовки на Металург во Маврово завршуваат денеска, а веќе утре нашите ракометари ќе отпатуваат во Струга, каде ќе бидат дел од меѓународниот турнир “Струга 2017“, односно 45-тото издание на овој традиционален турнир.

Турнирот во Струга ќе биде одлична можност да се видат моменталните можности на Металург, чиј состав е доста изменет во однос на оној од минатата сезона.

Во Струга, Металург ќе се натпреварува во групата “Б“, заедно со ланскиот победник Шартр и со домаќинот Струга.

 

Еве го распоредот на турнирот во Струга:

Сабота, 12 август:

18.45 ч. – Свечено отворање
19.30 ч. – Шартр – Струга
21.15 ч. – Бешикташ – Алингсас

Недела, 13 август:

19.00 ч. – Бешикташ – Охрид
20.45 ч. – Металург – Шартр

Понеделник, 14 август:

19.00 ч. – Металург – Струга
20.45 ч. – Алингсас – Охрид

Вторник, 15 август:

18.00 ч. – Меч за петто место
19.45 ч. – Меч за трето место
21.30 ч. – Финале

Прочитано 1.726 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 6 = 2