Металург денеска го отвара турнирот “Мастер Гренобл“

19.01.2019 11:59
50241655_2629335410417466_1944424659466321920_n_resize

Денеска и утре, Металург ќе настапи на традиционалниот турнир “Мастер Гренобл“, каде, покрај нас, учествуваат француските екипите Гренобл и Истра, како и шпанската Бидасоа Ирун.

Денеска се играат полуфиналните дуели, додека утре се планирани натпреварите за третото место и големото финале.

Во првиот полуфинален натпревар ќе се сретнат екипите на Металург и на Гренобл, додека втората полуфинална двојка ја сочинуваат Бидасоа Ирун и Истра.

.

Денешна програма:

19 јануари, 18.30 часот:  Гренобл – Металург

19 јануари, 20.30 часот:  Истра – Бидасоа Ирун

.

Поразените од овие две средби утре ќе се борат за третото место, додека победниците ќе се соочат во големото финале.

20 јануари, 14.00 часот:  Меч за третото место

20 јануари, 16.00 часот.  Големото финале

По завршувањето на турнирот Металург ќе остане во Франција и во наредните четири дена и ќе одигра три пријателски средби со екипите на Екс Прованс (22 јануари), Ним (23 јануари) и Ст. Рафаел (24 јануари).

.

Вчера Металург го одржа својот прв тренинг:

Фото:

Прочитано 112 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 − = 3