Металург денеска на мегдан со екипата на Екс ан Прованс

22.01.2019 11:13
team-2018

По извонредниот успех со освојувањето на престижниот турнир “Мастерс Гренобл“, Металург го продолжува својот престој во Франција, каде ќе одигра три пријателски средби со три врвни екипи од второто по квалитет национално првенство на светот.

Металург денеска игра во Екс ан Прованс, со истоимената екипа која моментално е на осмото место на првенствената табела. Се работи за реномиран клуб, кој го има четвртиот по големина буџет во лигата. Оваа средба е закажана со почеток во 19.30 часот.

Утре нашата турнеја продолжува со средбата со петтопласираниот Ним, а гостувањето во Франција ќе го завршиме задутре, кога играме со шестопласираниот Ст.Рафаел.

Фото од тренингот на Металург:

Прочитано 184 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 7 = 2