Металург денеска одржа семинар за тренерите на своите школи

25.11.2018 19:57
_DSC0220_resize

Металург денеска одржа семинар за тренерите на своите школи.

Беа присутни тренерите од сите наши школи од Скопје и од внатрешноста, а присутните ги поздравија претседателката на Металург Зорица Блажевска, претседателот на бордот на директори на Металург АД Марјан Велевски и директорот на Академија Металург Тони Ристески. Тие го нагласија значењето на нашата академија за Металург и за македонскиот ракомет и навестија подобри денови за клубот од Автокоманда.

Во рамките на самиот семинар беа одржани три предавања.

Тренерот на голманите на Металург Петар Мисовски одржа предавање на тема: “Работа со голмани во млади категории“.

Во рамките на ова предавање, Мисовски ги запозна тренерите на школите со основните техники потребни за правилна изградба на младите голмани и им ги посочи грешките кои најчесто ги прават голманите-почетници.

Кондициониот тренер на Металург Сашо Голубиќ одржа предавање на тема: “Кондициона подготовка за млади категории“.  

Во рамките на ова предавање беше нагласена важноста на кондиционата подготовка на младите спортисти, кои допрва влегуваат во светот на спортот, па тренерите на нашите школи беа запознаени со основите на оваа важна компонента во правилното градење на младите спортисти.

Третото предавање го одржа шефот на стручниот штаб на Металург Данило Брестовац, кој зборуваше на тема: Работа со млади категории“. 

Во рамките на ова предавање Данило Брестовац ги изложи сопствените гледишта околу работата со млади категории, ги спомна и искуствата од странство, но ги посочи и современите тенденции во европскиот ракомет. Брестовац посочи на кои елементи треба да внимаваат тренерите во своите школи, се со цел во екипите на Металург да пристигнуваат комплетни млади ракометари и ракометарки.

Семинарот заврши со заедничка фотографија….

_DSC0221_resize_resize

…и заеднички ручек и дружење.

Прочитано 528 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 4 = 12