Металург доби нов среден бек

10.07.2019 20:32
GeoIrl05_resize

Грузискиот супер-талент Иракли Кбилашвили (21 г., 190 см.) е нов ракометар на Металург.

Кбилашвили се смета за еден од најперспективните млади играчи на Грузија и тој остави одличен впечаток на IHF Emerging Nations турнирот, што пред неколку дена заврши во Грузија. На тоа првенство на земји во ракометен развој, Грузија го освои првото место, а Кбилашвили постигна 15 гола од само 22 обиди.

За потписот на Кбилашвили беа заинтересирани повеќе клубови, но тој во иднина ќе го носи дресот на Металург.

Кбилашвили е втор Грузиец во нашите редови, по Реваз Чантурија, кој претходно потпиша за Металург.

Младиот Кбилашвили игра на позиција среден бек и ќе ја дели минутажата со Лука Стојановиќ.

Иракли Кбилашвили е шестото засилување на Металург за новата сезона, по Милан Поповиќ, Лука Вујовиќ, Раваз Чантурија, Маријан Мариќ и Даниел Ѓоргески.

Прочитано 671 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


1 + = 10