Металург дојде до првите бодови во новата суперлигашка сезона

11.09.2020 21:22
DAR_7002_resize

Екипите на Металург и на Еурофарм Пелистер 2 ја имаа честа да го одиграат првиот натпревар во новата сезона во македонската Суперлига. По голема борба победата ја однесе Металург, кој својот противник го совлада со резултат 25:21 (11:11).

Еурофарм Пелистер 2 во подготвителниот период оствари неколку одлични резултати, кои не беа случајни, бидејќи тимот на Ацо Јовиќ и вечерва се претстави со добро издание и беше цврст и рамноправен противник во голем дел од средбата. Металург на овој натпревар настапи без Рниќ, Потиќ, Поповиќ, Вујовиќ и Додиќ, но сепак со доволно силен состав за да биде изразит фаворит на средбата.

Натпреварот почна со многу грешки на двете страни и проблеми во постигнување на голови, па во 12. минута се уште беше 2:2. Двете екипи имаа повремени водства, но првата посериозна разлика ја направи, кога поведе со 6:3. Противникот не се предаде и набрзо не само што израмни, туку и оствари свое водство, со резултат 7:8. Првото полувреме заврши со израмнети 11:11.

Сличен тек средбата имаше и во првата половина од второто полувреме, пред Металург конечно да ја консолидира својата одбрана и да го скрши отпорот на противникот. Конечните +4 се заслужени и Металург ги запиша своите први три бода во новото првенство.

.

Металург – Еурофарм Пелистер 2   25:21 (11:11)

Металург: Дупјачанец, Ѓорѓески, Кондев 2, Петковски, Канкараш 4, Кофилоски, Шилегов, Хорват 3, Мариќ 3, Лазаревски, Младеновиќ 1, Серафимов 7, Тарабокија 5, Митиќ, Маркоски и Тодески.    Седмерци: 3/3.     Исклучувања: 6 минути.

Еурофарм Пелистер 2:  Кузмановски 1, Ј.Талевски 9, Петровски 5, В.Димитровски 1, Митревски, Ивановски, Јовановски, И.Димитровски, С.Талевски 3, Стоилевски, Атанасијевиќ, Бардаковски, Дрогришки 2, Блажевски и Арсеновски.    Седмерци: 3/4.    Исклучувања: 10 минути.

Судии: Спаско и Глигор Ќаеви од Скопје.

Делегат: Марјан Огњановски од Скопје.

Прочитано 483 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 − 5 =