Металург докажа дека може рамноправно да се носи со Вардар

04.05.2016 23:27
GIL_0578_resize

По подолго време љубителите на ракометот можеа да проследат еден вистински дерби натпревар меѓу двете најдобри македонски екипи. За да чувството за дерби биде комплетно, недостасуваше само публиката, бидејќи во “Јане Сандански“ имаше помалку од 500 гледачи.

Вардар во овој натпревар влезе како фаворит, сметајќи на квалитетот и на искуството на своите ракометари, но младиот Металург не ја призна фаворитската улога и од првата минута тргна во рамноправна пресметка.

Целото прво полувреме мина во израмнета борба во која двете екипи постојано се менуваа во водството. Вардар водеше најмногу со гол разлика, а Металург имаше највисоки два 6:8, кон средината на полувремето. Па сепак, Металург денешниот натпревар го загуби во последните 2-3 минути токму на ова прво полувреме, кога Вардар искористи бројна надмоќност и, со серија од 3:0, дојде до највисоки 14:11, кои и беа решавачки за исходот на оваа средба.

Второто полувреме повторно мина во целосно рамноправна борба во која Металург во повеќе наврати успеа да дојде и до само гол негатива, но младите ракометари на нашиот тим сепак немаа сили за целосен пресврт.

Сѐ на сѐ, гледавме одличен ракометен натпревар во кој Металург покажа дека може да се носи со актуелниот шампион.

Одлично издание имаа нашите голмани Дупјачанец, во првото, и младиот Томовски, во второто. Тоа особено важи за Томовски, кој покажа дека е голема надеж на македонскит ракомет. Својата најдобра партија во сезонава ја одигра и Филип Талески, кој со 8 погодоци го изрешета голот на Милиќ и беше најдобар стрелец на натпреварот.

Вардар – Металург  26:22 (14:11)

Вардар: Штербик, Милиќ, Стоилов, Брумен 1, Манасков 6, Македа 5, Карачиќ 1, Душебаев 2, Абутовиќ, Лазаров 2, Циндриќ 4, Дибиров, Горбок, Шишкарев 2 и Марсениќ 3.    Седмерци: 4/7.    Исклучувања: 2 минути.

Металург: Дупјачанец (5 одбрани), Томовски (8 одбрани), Петров 1, Маџовски, Костески 3, Матиќ 4, Вујовиќ, Бувиниќ 5, Кузмановски 1, Јагуриновски, Кукоски, Крстевски, Талески 8, Пешевски, Палевски и Шаин.   Седмерци: 3/4.    Исклучувања: 2 минути.

Судии: Начевски Ѓорѓи и Николов Славе од Скопје.

Делегати: Металери/Камишевски од Скопје.

Прочитано 2.988 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 − 2 =