МЕТАЛУРГ ДОПАТУВА ВО ОСЛО

07.09.2012 15:12
339988_487148721296323_2042371190_o

Од Осло, известува Данило Брестовац.

Македонскиот ракометен шампион Металург допатува во Осло. Фаворитот на хартија, екипата на Металург, по сместувањето во хотелот „Скандик КХА“, ја има закажано првата средба со салата “Рикинхален“. Оваа сала би требало да биде епицентарот на нашиот успех во овие квалификации, успех што ќе обезбеди влез во групата “Ц“ од Лигата на шампиони.

Екипата, видно изморена од патот, со одредена позитивна доза на хумор за време на целото патешествие, дава знаци на екипа што знае што сака на овој квалификациски турнир. Тренингот почнува во 16 часот, според програмата на организаторот, со времетраење од еден час.

Фото:

Прочитано 674 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


1 + 3 =