Металург дури во второто полувреме го скрши отпорот на Струга

10.10.2019 22:17
DAR_5167_resize_resize

Неочекуван тек доби денешната средба од 6. коло на машката Суперлига. Во Автокоманда, Металург се измачи против последнопласираната екипа на Струга, која сезонава го загуби поголемиот дел од својот состав и моментално важи за една од послабите екипи во лигата. Тимот од Автокоманда дури во вториот дел го скрши отпорот на противникот и победи со резултат 32:25 (13:14).

Стружаните без сомнение го одиграа својот најдобар натпревар во досегашниот дел од сезоната, додека, пак, ракометарите на Металург крајно лабаво влегоа во натпреварот, очекувајќи полесен натпревар и лесна победа.

Во целото прво полувреме се водеше рамноправна борба, но Струга почесто беше во водство, а во еден момент имаше и максимални +4, 9:13. Во ова прво полувреме, како впрочем и во целиот натпревар, одлично издание имаше голманот на Струга Александар Стојаноски, кој само во првиот дел имаше десетина одбрани и кој целосно го сопре нападот на Металург. Првото полувреме заврши со минимална предност на гостите, 13:14.

Во вториот дел ракометарите на Металург влегоа многу посериозно и тоа веднаш даде резултат. Многу брзо го свртивме резултатот во наша полза и веќе во 36. минута имавме предност од три гола, 19:16. Од тој момент, па се до крајот на средбата, предноста беше на нашата страна, а конечните +7 се и највисоки на денешниот натпревар.

Како и да е, Металург освои нови три бода и остана на чело на табелата. Во следното коло и гостуваме на екипата на Пелистер во Битола.

.

РК Металург – РК Струга  32:25 (13:14)

РК Металург: Дупјачанец, Ѓорѓески, Мијатовиќ, Кондев 2, Јагуриновски 1, Поповиќ 5, Шилегов 6, Танкоски 3, Мариќ 1, Лазаревски 6, Младеновиќ, Вујовиќ, Чантурија 3, Кбилашвили 2 и Арсеновски 3.   Седмерци: 2/4.  Исклучувања: 0 мин.

РК Струга: Стојаноски, Маркоски, Кузманоски, Крстаноски, Костоски, Савески, Јанкуловски, Мечкароски, Стрезоски, Костоски, Русески, Симоноски, Трајковски, Кицески и Новаковиќ.   Седмерци: 0.  Исклучувања: 6 мин.

Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје.

Делегат: Драган Начевски од Скопје.

Прочитано 467 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 − = 6