- Фотогалерија од средбата Металург – ПрилепОбјавено пред 5 months
- Металург убедлив против екипата на ПрилепОбјавено пред 5 months
- Металург го утврди датумот, терминот и местото на одигрување на средбата со Спачва во СкопјеОбјавено пред 5 months
- Фото: Металург го одржа својот вечерен тренинг на игралиштето кај “Женска“ плажаОбјавено пред 5 months
- Металург пристигна во Струга, сите тестови на нашите ракометари се негативниОбјавено пред 5 months
Металург двете средби со Чеховски Медведи ќе ги игра во Чехово

Поради карантинот во кој се наоѓа екипата на Чеховски Медведи, нема да се одигра натпреварот од петтото коло на групната фаза на Лига Европа, закажан на 1 декември во Скопје.
Во ова време на постојани одложувања на натпреварите, а Металург веќе ги има три, раководствата на двата клуба, во координација со ЕХФ, решија двете меѓусебни средби да се одиграат во Чехово, се со цел да се избегнат дополнителни трошоци и евентуални нови одложувања.
Металург во редовниот термин на шестото коло, на 8 декември, ќе и биде гостин на екипата на Чеховски Медведи, додека на 11 декември ќе го одиграме и вториот натпревар во кој формално ние ќе бидеме домаќини.
Двете средби ќе се одиграат без присуство на публика во салата “Олимписки“, а и двете средби се закажани со почеток во 18.45 часот.