Металург е поразен на средбата со Брест Мешков

17.08.2019 15:09
68296970_366984934226341_8175469728244957184_n_resize

Металург го загуби и вториот натпревар од турнирот “Куп на Гувернерот“ во Чехов. Овој пат сме убедливо поразени од најголемиот фаворит на турнирот – Брест Мешков, кој покажа дека е пресилен за нас, барем во оваа фаза на подготовките. Повторно ќе потсетиме дека Металург и на овој натпревар играше без четворица свои првотимци, повредениот Реваз Чантурија и кадетските репрезентативци Мартин Серафимов, Михајло Младеновиќ и Дарко Кондев.

Металург оствари само почетно водство од 1:0, додека во останатиот дел од средбата предноста беше на страната на нашиот противник.

Во првите 20 минути од средбата игравме со својата најсилна постава и успевавме да го држиме чекорот, тогаш беше 6:9, а потоа тренерот Стојановиќ им даде шанса на сите ракометари во својот состав. Металург покажа борбена игра, но во оваа фаза на подготовките не можевме до крај рамноправно да се носиме со Мешков, кој оваа сезона ќе има што да каже и во Лигата на шампионите.

Мешков покажа одлична игра во одбрана, која во текот на целата средба им правеше многу проблеми на нашите ракометари.

Металург загуби убедливо, но се уште сме во фаза кога ја бараме и својата игра и својата форма и кога бројот на технички грешки е многу поголем од дозволеното.

За одбележување е играта на нашиот најмлад ракометар, Стефан Додиќ, кој влезе во вториот дел и кој донесе големо освежување во нашата игра. Додиќ средбата ја заврши како наш најдобар стрелец и постигна 6 голови.

Утре го играме последниот натпревар на овој турнир, а наш противник ќе биде екипата на Стеауа. Оваа средба ќе се одигра во денешниот термин, во 13 часот по македонско време.

.

Металург – Мешков Брест  26:38 (10:18)

Металург: Дупјачанец (7 одбрани), Ѓорѓески (3 одбрани), Јагуриновски 2 , Поповиќ 5 , Пецаковски , Шилегов 3, Танкоски  2, Мариќ 1, Ристовски, Лазаревски 2 , Вујовиќ, Кбилашвили 4,  Додиќ 6, Кофиловски, Стојановиќ и Арсеновски 1 .    Седмерци: 6/9.    Исклучувања: 12 минути.

Брест Мешков: Пешиќ (1 одбрана), Мацкевич (7 одбрани), Усик (2 одбрани), Канкараш 1, Кулак 1, Паниќ 3, Шкурински, Бочко 2, Андреев 1, Обрадовиќ, Акамбре 5, Шумак, Баранов 4, Разгор 4, Обрановиќ 3 и Сељвесјук 1.    Седмерци: 2/3.    Исклучувања: 6 минути.

Судии: Анташев Антон и Мусатов Денис од Русија.

Делегат: Вартањан Стела од Русија.

Фото:

Прочитано 408 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 − = 1