Топ Вести

МЕТАЛУРГ Е ПОРАЗЕН ВО ВЕЛЕЊЕ

09.02.2013 19:47
gorenje-metalurg-banskoliev (32)_resize

Ракометарите на Металург го загубија натпреварот во Велење, со резултат 23:19 (10:10). Видовме тешка  и нервозна средба во која победата заслужено му припадна на домашниот тим.

gorenje-metalurg-banskoliev (20)_resize_resizeПоразот, колку и да е непријатен, не значи крај на нашата борба за втората позиција во групата Ц. До крајот на циклусот има уште две кола и неколку натпревари што директно ќе влијаат на крајниот пласман. Металург загуби со 4 гола разлика и, при евентуално ист број бодови со екипата на Горење, има предност поради повисоката победа во Скопје. Да потсетиме, во Скопје Металург победи со резултат 30:23. Најверојатно ќе решава средбата од последното коло, кога екипата на Горење го дочекува тимот на Киелце. За жал, на таа средба Киелце не ќе може да смета на услугите на Чупиќ, Штрлек и на Бунтиќ. Сите тројца се оперирани и се во постапка на рехабилитација. По денешниот пораз, второто место на Металург веќе не зависи од самите нас.

Денешниот натпревар Металург го почна добро. Имавме водство, а нашата предност во шестата минута изнесуваше цели три гола, 2:5. Токму во тој период ја имавме првата поголема криза на натпреварот. Во 17. минута екипата на Горење првпат го презеде водство, кое го задржа до крајот на натпреварот. Во 25. минута имавме критични – 3, 10:7. Сепак, со серија од 3:0, Металург дојде до израмнување, 10:10, и со тој резултат екипите заминаа на одмор. Се чини дека не успеавме да ги искористиме добрите одбрани на Станиќ, кој во овој дел имаше шест, за сметка на Гајиќ, кој собра само две одбрани. Ритамот на нашата игра го нарушија и петте исклучувања досудени во првото полувреме.gorenje-metalurg-banskoliev (5)_resize_resize

Вториот дел го почнавме исто така добро. Во 36. минута, при резултат 13:13, имавме и можност да го повратиме водството. За жал, не успеавме, а Горење тоа го казни со серија од 3:0, 16:13. Навистина критично беше во 55. минута, кога Горење дојде на само чекор од нашата предност од Скопје, 21:15. Сепак, на крајот Металург се поврати и не го дозволи тоа.

Мечот го реши нашиот лош период од 36. до 53. минута, кога направивме многу технички грешки и кога дозволивме противникот да постигне осум гола, на кои возвративме само со два.

Очигледно е дека Металург не е во потребната форма и дека токму нашите клучни ракометари се тие што покажаа најмалку. Сепак, време за корекции има, а најважните натпревари се пред нас.

0:1, 2:5, 7:6, 10:7, 10:10 – 13:13, 16:13, 21:15, 22:18, 23:19

gorenje-1_resizeГорење – Металург  23:19 (10:10)metalurg-1_resize

Горење: Гајиќ (6 одбрани), Талетовиќ, Бежјак 7, Доленец 5, Гамс 5, Цехте 3, Мелиќ 2, Габер 1, Бајрам, Цингесар, Добелшек, Дујмовиќ, Голчар, Миклавчиќ, Овничек и Пуцељ.    Седмерци: 2/3.         Исклучувања: 8 минути.

Металург: Станиќ (8 одбрани + седмерец), Ангелов (2 одбрани), Н.Мојсовски 7, Манасков 6, Вугринец 2, Георгиевски 1, Ракчевиќ 2, Димовски, Јоновски, Маркоски, Додер, Миркуловски 1, Козлина, З.Мојсоски, Алушовски и Левов.         Седмерци: 4/5.        Исклучувања: 10 минути (сите во првото полувреме).

Судии:  Ференц Бониферт и Виктор Олах од Унгарија.

Делегат: Јири Конечни од Чешка.

Фотогалерија:

Прочитано 1.173 пати

(2) Коментари

  1. Dobri ste, ali ipak Slovenski rukomet je daleko bolji. GORENJE VELENJE!

  2.  taka e, ne e drama dali ke se bide vtor ili tret, loso e sto vo momentov formata  e ocajna, sto nema igra. Mora nesto da se menuva do 1/16 finaleto bez razlika so kogo ke se igra.

Напишете коментар


2 − 1 =