Металург е повторно најдобриот ракометен колектив во Македонија

09.06.2019 18:42
sala 9publika_resize

Како и многу пати досега, Металург и оваа сезона е најдобриот ракометен колектив во Македонија. Од можните 12 титули во првентвата на Македонија, нашите клубови освоија дури шест, а забележаа и едно второ место.

.

Во машка конкуренција:

– РК Металург го освои Купот на Македонија

– РК Металург 2 е шампион на Првата лига

– Младинците на РК Металург 2 се шампиони на Македонија

– Пионерите на РК Металург се исто така шампиони на Македонија

Во женска конкуренција:

– ЖРК Металург е сениорски шампион на Македонија

– ЖРК Металург е младински шампион на Македонија

– ЖРК Металург е кадетски вицешампион на Македонија

.

Преостанатите титули им припаднаа на Вардар (Суперкуп на Македонија, шампионска титула во машка сениорска конкуренција, и шампинските титули кај пионерките и кај кадетките), на ЖРК Куманово (женскиот Куп на Македонија) и на КЛ-7 Струга (кој стана кадетски шампион на Македонија во машка конкуренција).

Прочитано 928 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 + 4 =