МЕТАЛУРГ Е ВО НАШИЦЕ

07.12.2012 17:01
metalurg

Металург одлично ја почна својата турнеја. Во првиот натпревар високо е совладана екипата на Борац, со резултат 30:20.

На ред е средбата со тимот на Нексе, стар должник од двете сезони во СЕХА-лигата. Тим против кој забележавме два пораза и еден нерешен резултат. Сега ракометарите на Металург се подготвени да ја извојуваат својата прва победа во меѓусебните средби.

Нашиот тим на оваа средба нема да настапи во комплетен состав. Покрај повредените Манасков, Козлина и Ангелов, кои останаа во Скопје, се повреди и столбот на нашата одбрана, Веле Маркоски, кој нема да настапи и кој вечерва се враќа во Скопје, каде што ќе се извршат сите испитувања за да се утврди степенот на неговата повреда. Радосна вест е враќањето на Ренато Вугринец. Тој денеска пристигна во Нашице и му се стави на располагање на тренерот Лино Червар.

Металург пристигна во Нашице околу 14 часот, а во 18 часот ќе го има и својот вечерен тренинг.

Натпреварот со Нексе ќе се одигра утре, со почеток во 18 часот. МРТ ќе врши директен пренос од оваа средба.

Прочитано 732 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 5 = 14