Металург ги доби своите противници во групната фаза на Лигата на шампионите

29.06.2018 12:47
ehfcl_logo_resize

Во Виена заврши извлекувањето на групите за групната фаза на Лигата на шампионите за сезона 2018/19.

Металург оваа сезона ќе настапува во групата “Ц“, каде  за противници ги доби екипите на Бјерингбро (Данска), Спортинг (Португалија), Бешикташ (Турција), Чеховски Медведи (Русија) и Татран Прешов (Словачка). Групата е тешка и прилично израмнета, па се очекува огорчена борба за првите две позиции што водат во плејоф-фазата.

Вардар, пак, се  најде во “групата на смртта“, заедно со актуелниот шампион Монпелје, со Барселона, Веспрем, Киелце, Р.Н.Левен, Брест Мешков и Кристијанштад. Овде безмалку секој ќе атакува на првата позиција.

.

Група “А“ Група “Б“ Група “Ц“ Група “Д“
Вардар ПСЖ Металург Висла Плоцк
Киелце Пик Сегед Бјерингбро Адемар Леон
Барселона Фленсбург Спортинг Елверум
Брест Мешков Скјерн Бешикташ Вакер Тун
Веспрем ППД Загреб Чеховски Медведи Динамо Букурешт
Монпелје Мотор Запорожје Татран Прешов Рихимаен Кокс
Кристијанштад Цеље ПЛ    
Р.Н.Левен Нант    
Прочитано 245 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 7 = 2