Топ Вести

Металург ги израдува навивачите со нова победа во СЕХА-лигата

07.03.2018 21:03
MJI_8476_resize

Металург извојува значајна победа во мечот со екипата на Мешков Брест. Силниот противник, кој во Скопје допатува со комбиниран состав, го совладавме со резултат 37:33 (17:17).

Видовме борбен натпревар на кој се истакнаа нападите на двете екипи, за разлика од нивните одбрани, кои не беа доволно концентрирани, па средбата заврши со 70 постигнати голови.

Металург добро ја почна средбата и во првите десетина минути имавме постојано водство од еден до два гола. Но, од 12. минута иницијативата постепено мина на страната на гостинската екипа, која ја искористи кризата на Металург, особено во одбранбената зона, и наскоро создаде највисока разлика од три гола, 9:12, 10:13 и 11:14. Сепак, младите металурзи најдоа сили и до крајот на првото полувреме ја анулираа противничката предност, па на одмор екипите заминаа при резултат 17:17.

Само во првите неколку минути од вториот дел Мешков имаше минимално водство, а потоа Металург конечно заигра според барањата на тренерот Јовиќ и постепено се одвои и со играта и со резултатот. Се беше решено во 51. минута, кога Металург првпат поведе со 4 гола разлика, 32:28, а веќе во 56. минута ги имавме и максималните +6, 36:30. Средбата заврши со резултат 37:33.

Ова беше натпревар од 16. коло на СЕХА-лигата, а до крајот на регуларниот дел ни преостануваат уште средбите со Татран Прешов (14 март) и против Цеље ПЛ (18 март). Првата ја играме на гостински терен, а втората дома.

.

Металург – Мешков Брест  37:33 (17:17)

Металург: Томовски (7 одбрани), Даниловски 3 одбрани), Маџовски 1, Јагањац 9, Димитриоски, Токиќ 2, Шилегов, Танкоски, Серафимов, Кузмановски 10, Илиќ 5, Велковски 5, Пешевски 5, Гуглета, Лазаревски и Арсеновски.    Седмерци: 1/1.   Исклучувања: 4 минути.

Мешков Брест: Чарапенка, Мијатовиќ, Јашченко 6, Потеко, Стојковиќ 6, Вукиќ 6, Продановиќ 3, Мочалов, Баранов 7, Дарафеев и Куран 5.   Седмерци: 2/3.   Исклучувања: 8 минути.

Прочитано 878 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 + = 10