Металург ги награди најефикасните кампери

25.06.2019 23:00
65531339_2567350943276080_7111754114555445248_o

Денешниот попладневен тренинг на летниот камп на Металург беше резервиран за тестирање на ефикасноста на камперите, со шутирање на серии шутеви од сите позиции.

Како најефикасен шутер заврши Даниел Јанкуловски со пет постигнати гола од шест шута, втората позиција и припадна на Ива Петрова со четири реализации а на третата позиција заврши Петар Спасовски. Како награда за нивната ефикасност камперите си добија пригодни подароци.

 

Прочитано 268 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 4 = 2