МЕТАЛУРГ ГИ ОДРЕДИ ЦЕНИТЕ НА СВОИТЕ ВЛЕЗНИЦИ

18.09.2012 16:15
291696_338566956219292_931333700_o

Металург ги одреди цените на влезниците за натпреварот против екипата на Горење од Велење, и тие се поделени во четири групи, во зависност од нивната местоположба.

Салата “Борис Трајковски“ има капацитет од 6171 место. Металург и оваа сезона најде разбирање за економската можност на нашите граѓани и одреди популарни цени за своите влезници. Дури 85 проценти од капацитетот на салата ќе се продава по цена од 100 и 150 денари.

Цените се следни:

Блоковите: B7, B8 и B9  (вкупно 728 влезници) се по цена од 100 денари

Блоковите: B2, B3, B4, B5, B6, B10, B11, B12, B14 и B15  (вкупно 3220 влезници) се по цена од 150 денари.

Блоковите: M7, M8, M9 и M16  (вкупно 480 влезници) се по цена од 150 денари.

Блоковите: M1, M4, M12 и M15  (вкупно 554 влезници) се по цена од 200 денари.

Блоковите: M2, M3, M13 и М14  (вкупно 694 влезници) се по цена од 250 денари.

Блоковите B  се на горните трибини во салата, додека блоковите M се долу покрај теренот.

РК Металург и оваа година ќе продава сезонски влезници, кои ќе важат за сите пет домашни натпревари. Сезонските влезници обезбедуваат места во најатрактивните блокови во салата, М2, М3, М13 и М14. Нивната цена е 1000 денари. Дополнителна поволност на сезонските влезници е предимството за купување влезници во евентуалната нокаут-фаза. Тоа значи дека евентуалниот пласман на Металург меѓу 16-те најдобри ќе им овозможи на сопствениците на сезонските влезници да обезбедат влезници на истото место на кое гласи сезонскиот билет. Освен тоа, со сезонските влезници се стекнува правото на попуст во низа ресторани, кафулиња, парфимерии, бутици итн. Списокот на сите објекти каде што може да се оствари правото на попуст ќе биде наскоро објавен на нашиот сајт.

Продажбата на влезниците почнува во сабота, 22 септември, во 12 часот. Поучени од ланските настани, ги молиме сите љубители на ракометот навреме да се снабдат со своите влезници и да не го чекаат последниот ден.

sala-sedista

 

Прочитано 2.330 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


4 + = 11