Топ Вести

Металург ги почна подготовките

06.08.2018 19:51
MJI_8677_resize

Металург вечерва ги почна подготовките за новата сезона. Шефот на стручниот штаб на Металург Данило Брестовац на располагање ги имаше сите свои ракометари, со исклучок на новиот голман Предраг Мијатовиќ, кој доаѓа утре, и на Халил Јагањац, кој на тимот ќе му се приклучи в среда.

Во следните три дена Металург ќе тренира во Автокоманда, а в четврток заминува во Маврово каде што до 18 август ќе го реализира предвидениот план за подготовки на екипата.

Поради селекторските обврски во кадетската репрезентација, која од 9 до 19 ќе настапи на ЕХФ шампионатот во Грузија, Брестовац ќе го пропушти првиот дел од подготовките на Металург и првиот натпревар со Вардар во Суперкупот. Во тој период до 20 август, подготовките ќе ги водат неговите асистенти, Оливер Димитриоски и Петар Мисовски.

Подготовките решив да ги поделам во три микро-циклуси. Првиот циклус до средбата со Вардар во Суперкупот, вториот до почетокот на СЕХА-лигата и третиот до почетокот на Лигата на шампионите. Тие играчи кои беа дел од младинската репрезентација веќе го знаат мојот систем на работа. Мислам дека тоа нема да биде напорен ритам и другите брзо ќе се приспособат. Треба да се подготвиме добро и физички и техничко-тактички и вистинската форма да ја постигнеме до стартот на натпреварите во Лигата на шампионите“, вели Брестовац.

Прочитано 196 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 − = 0