МЕТАЛУРГ ГИ ПОЧНУВА ПОДГОТОВКИТЕ

24.07.2013 14:24
GIL_5493_resize

za tekst

Металург денеска го почнува подготовките за претстојната сезона. Првиот собир на играчите е закажан за денеска, во 17.30 часот, во салата „Автокоманда“. Ренато Вугринец е единствениот што оправдано ќе задоцни еден ден, а Дејан Манасков во прво време ќе тренира според посебен режим, по закрепнувањето од повредата.

indexДиректорот на Металург, Левче Китевски, за дневниот весник “Нова Македонија“ го изјави следното:

Моја процена е дека тимот на Металург е посилен отколку минатата сезона, особено со играчите што ни се приклучија летово, Павел Атман, Никола Кеџо, Дејан Пецаковски, Никола Маркоски и Сергеј Жедик. Згора на тоа, успеавме да го задржавме костурот на екипата.

Подготовките, од кои дел е учеството на турнирот во Струга, ќе се одвиваат во неколку фази, за ракометарите да ги дочекаат подготвено мечевите од квалификациите за Лигата на шампионите против Пик Сегед.

– Металург ќе се подготвува во Скопје до 1 август. Потоа заминуваме за Златибор, Србија, каде што ќе останеме до 10 август. Од 13 август нѐ очекува ракометниот турнир во Струга, по што се враќаме во Скопје. На 28 август е првиот дуел со ПИК Сегед, во квалификациите за Лигата на шампионите – вели Китевски.

Mеталург продолжува со промоција на квалитетни македонски ракометари, со приклучување на седум млади играчи од Металург јуниор во сениорскиот состав – Марко Неловски, Филип Талевски, Борјан и Бојан Маџовски, Никола Костевски, Мартин Манасков и Жарко Пешевски.

– Младите заслужија да играат во првиот тим, во кој влегуваат на голема врата. Останува да се види во кое натпреварување ќе добијат поголема шанса за настап, а тоа веројатно ќе биде во Регионалната лига – рече Китевски.

Металург го очекува двомеч со унгарски Пик Сегед за пласман во ЛШ (28 август и 1 септември).

– Сакаме да го повториме ланскиот успех во Лигата на шампионите, во која стигнавме во четврт-финалето. Нашиот противник во квалификациите ПИК Сегед не е воопшто наивен тим. Унгарците ги задржаа носителите на играта, исто како и ние, а се засилија и со неколку квалитетни ракометари. Наша предност во однос на нив е што ние имаме континуитет од работата со Лино Червар, а Сегед во претстојната сезона ќе влезе со нов тренер – објаснува Китевски.

Автор: М.Ж.

Прочитано 1.536 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 2 = 10