Металург ги повтори своите слабости и забележа пораз и против Бешикташ

23.09.2018 20:42
AND_1506_resize

Во вториот натпревар во Лигата на шампионите, прв на домашен терен, Металург се сретна со екипата на Бешикташ. Иако навестуваме борба за двата бода, епилогот од овој натпревар е ист, како и од сите одиграни во досегашниот тек на сезоната. Металург ги повтори сите свои слабости и, по солидното прво полувреме, во вториот дел доживеа тежок пораз.

Во првото полувреме двете екипи водеа вистинска битка, во која сепак поуспешни беа гостинските ракометари. Бешикташ имаше стално водство од еден до два гола, но Металург постојано наоѓаше начин да ја достигне предноста на турскиот шампион. Во еден момент нашите ракометари поведоа со резултат 12:11, а имаа и напад за зголемување на предноста, но потоа пак го загубија ритамот и на одмор заминаа со негатива од еден гол, 13:14.

Во второто полувреме играта доби сосема поинаков тек и повторно ги видовме нашите ракометари комплетно извадени од колосек. По само пет минути разликата стана цели 4 гола, 15:19, и веќе се почувствува дека нема да имаме сили да се вратиме во игра. Поразот стана извесен кога во 50. минута Бешикташ поведе со седум голови разлика, 20:27. Конечниот резултат е 22:30. Металург забележа втор пораз во Лигата на шампионите, а Бешикташ ги освои своите први два бода.

.

РК Металург – Бешикташ  22:30 (13:14)

РК Металург: Томовски (4 одбрани), Даниловски (1 одбрана + 1 седмерец), Јагуриновски 1/4, Јагањац 7/10, Лазаревски, Димитриоски 3/3, Токиќ 4/4, Шилегов 2/3, Танкоски 0/4, Серафимов 0/1, Велковски 0/2, Миличевиќ 0/2, Маџовски 2/2, Стојановиќ 2/5. Матијашиќ и Арсеновски 1/1.  Седмерци: 2/4.   Исклучувања: 2 мин.

Бешикташ: Танер (11 одбрани + 1 седмерец), Хендави (1 седмерец), Сарак 4/6, Прибак 3/5, Крсманчиќ 0/1, Демирезен 1/1, Налбантоглу 0/1, Озбахар 5/5, Ерсин 1/3, Гунај 1/1, Кесер, Ласица 7/8, Нуиќ 3/4, Томиќ, Кочарсијан 1/1 и Доне 4/7.   Седмерци: 3/5.   Исклучувања: 4 мин.

Судии: Марек Барановски и Богдан Леманович од Полска.

Делегат: Јосип Посавец од Хрватска.

Прочитано 219 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 − = 6